• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Инфо компас

Младински образовен форум отвори повик за нови членови во младинските клубови во Тетово

17/11/2020
во Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Младински образовен форум (МОФ) до сите средношколци упатува повик да станат нови членови во младинските клубови во Тетово.

Клубовите на МОФ ќе ти овозможат да се предизвикаш себе си, да научиш многу во неформална атмосфера и да се вклучиш на бројни онлајн и офлајн локални, национални и меѓународни настани. Опкружувањето со супер друштво ќе те мотивира да се подобриш и да стекнеш нови искуства и знаења надвор од формалното образование.

Кој клуб е за тебе, зошто би се вклучил во младински клуб и како ќе изгледаат предавањата во текот на следната година, се информации кои ги има подолу во оваа објава. Разгледај ги описите на клубовите подолу во текстот и одбери каде ќе се вклучиш. Резервирај го своето место!

Во согласност со учебната година, предавањата во клубовите за средношколци ќе започнат во текот на ноември 2020, а ќе се случуваат онлајн се додка состојбата не дозволи да се дружиме во живо.  Термините во кои ќе се одржуваат неделните предавања ќе се договорат помеѓу членовите и предавачите на клубовите.

Линк до прашалникот за пријавување – кликни тука

АРТИВИЗАМ

Сакаш да експериментираш со уметноста како средство за слободно изразување? Сакаш да дознаеш како да станеш младински активист? Дали си склон кон стекнување нови знаења, нови другарства и нови идеи? Ти треба креативна слобода?

Тогаш клубовите – Артивизам во склоп на МОФ се местото каде што треба да членуваш. Артивизам е можност за тебе да практикуваш слобода на изразување и да се запознаеш со креативни начини за пренесување на своите ставови, интереси, афинитети, склоности, барања и идеи.

Во Артивизам клубовите ќе имаш можност да ги изградиш своите капацитети, дознаеш повеќе за себе и околината, стекнеш вештини и знаења, се забавуваш и креираш нов круг на пријатели.

Секоја година, повеќе од 200 членови од различни градови имаат можност од да научат за граѓански активизам, медиумска писменост, креирање младински весници, фанзини, мурали уметност, стенсили, стикери, постери, фотографија и видео прилози.

ДЕБАТА

Преку глава ти е од неорганизираните и безвредни дискусии кои секојдневно ги слушаш околу тебе?  Сакаш да научиш како вистински да дебатираш и да ја победиш секоја дискусија со пријателите и соучениците?  Или пак можеби имаш желба конечно да ја победиш вечната трема од јавни настапи и презентации и да станеш добар оратор?

Ако одговорот на барем едно од овие прашања е да, тогаш дебатната програма е вистинското место за тебе!

Дебатниот клуб на МОФ оваа година онлајн продолжува со својата работа! Во склоп на неделните предавања, ќе  научиш за компетитивна дебата, техниките за одржување на говор, побивање, аргументирање на туѓи аргументи и анализирање на теми од различни области и сфери. Ти и твојот тим ќе можете да се натпреварувате на локални, национални и меѓународни дебатни турнири.

Стани дел од дебатен клуб, и во следната дискусија наместо да го повишиш тонот, ќе го подобриш аргументот.

УЧИМЕ ПРАВО

Знаеш ли дека не смееш да повторуваш учебна година? Секој ученик има право на дополнителна и додатна настава. Дали се прашуваш што ти се случува кога ќе добиеш закана за бркање од училиште со 10 неоправдани?

Членовите на Учиме право клубовите имаат можност практично да се запознаат со работата на државните институции и службеници преку посети на рочишта во Основните судови, седници на општинските совети, средби со градоначалниците, претседателот на државата како и посети во разни институции и министерства. Ваквите активности се уникатен пристап и можност, за проучување на институционалниот систем, како на локално, така и на национално ниво.

Учиме право клубовите се насочени и кон подигање на свеста за средношколските права, организирање и учество. Преку предавањата, членовите ќе имаат можност да ги запознаат своите права и обврски во училиштето и заедницата, начините на кои може да ги остварат, но и механизмите преку кои ќе може да ги заштитат. Преку ова, Учиме право клубовите придонесуваат кон изградба на активни млади, гласноговорници против сите форми на потиснување на правата и активни чинителни во процесите на креирање политики кои нив ги засегаат, затоа зачлени се!

Доколку ви се потребни повеќе информации може да ни се обратите:
преку порака на Фејсбук или Instagram страната на МОФ, на email: obuki@mof.org.mk или на телефонскиот број: 02/3139-692

 

Поврзани објави

Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово во недела ќе има меѓународен турнир во шах

23/06/2022
Вести

На подрачјето на Општина Брвеница ќе се врши дезинсекција против комарци

22/06/2022
Вести

Во недела во црквата Свети Спас во Долно Палчиште ќе има црковно-народен собир по повод прва недела од Петровденските пости

21/06/2022
Вести

Изложба „Кохезија“ од утре во Уметничка Галерија Тетово

20/06/2022
Вести

Ќе се одржат фолклорни средби „Брвеница игра и пее“

20/06/2022
Следна објава

Постојани варијации на бројките околу Ковид-19 изминативе десет месеци

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.