• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Млади лица претежно го прекршуваат полицискиот час во Тетово

Околу  20 часот и 20 минути, во тетовски Пирок, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода 23-годишен жител од ова село, а околу 22 часот, во тетовско Боговиње лишен од слобода е 18-годишник.

09/04/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во периодот на забраната за движење тетовската полиција открива претежно млади лица кои не го почитуваат популарно наречениот полициски час. Така било и ноќеска во периодот од 20 часот до 05 часот утринава.

Околу  20 часот и 20 минути, во тетовски Пирок, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода 23-годишен жител од ова село, а околу 22 часот, во тетовско Боговиње лишен од слобода е 18-годишник.  Двајцата се задржани во полициска станица и против нив ќе биде поденесена кривична за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија согласно член 206 од Кривичниот законик, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Претходна ноќ исто така млади на лица на 27 и 28 години од Голема Речица биле откриени како се превезувале во патничко моторно возило „фолксфаген голф 3“ и ја прекршиле забраната за движење, односно полицискиот час. 

-СВР Тетово практична имплементација на владините одлуки ја спроведува со комбинирани средства и методи на целото подрачје кое е мошне големо и пространо. Засега нема технички и организациски проблеми, секојдневно покривањето се врши пунктовски или со полициски мото патроли. СВР Тетово уште еднаш апелира до граѓаните доследно и без исклучоци да ги почитуваат овие одлуки чија примарна цел е спречување на ширење на коронавирусот, вели Јосифоски.

Полицијата изрекла и 79 казни за неносење заштитни маски во изминатото деноноќие на тетовското подрачје. 

А.С

Поврзани објави

Вести

Околу две илјади нови студенти ги почнаа своите студии на Универзитетот во Тетово

02/10/2023
Вести

Здравствен дом Тетово информира дека не е нивно возилото од видеото каде брза помош носи столици до казино

02/10/2023
Вести

„Сакам да работам до партиите“: „Вашите кампањи против игрите на среќа се против 10 илјади вработени, кои можеби заедно со своите семејства на избори гласале и за вас!“

02/10/2023
Вести

На тетовскиот плоштад во среда 4 октомври од 20 часот „Македонијо во срце те носиме“

02/10/2023
Вести

Полицијата со пријава за жител на Жеровјане кој пукал и ранил овчарско куче на човек од Боговиње

02/10/2023
Вести

На автопатот Тетово-Гостивар животот го загуби 18 годишно момче од Чегране

02/10/2023
Следна објава

Замрзнатите извори и низок притисок причина за најновото отежнато водоснабдување во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!