• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Модуларна болница за Ковид-19 и во Тетово

Монтажен објект во кој би се сместиле болни од Ковид19 ќе се гради и во Тетово, најавија денес од Кризниот штаб при Општина Тетово по одржаниот состанок.

14/12/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Монтажен објект во кој би се сместиле болни од Ковид19 ќе се гради и во Тетово, најавија денес од Кризниот штаб при Општина Тетово по одржаниот состанок. Градоначалничката Теута Арифи побара внимателност од граѓаните со цел да се намали бројот на хоспитализирани.

-Здравствените власти исто така информираа дека деновиве започна изградбата на модуларната болница за Ковид 19, која е една од 17-те такви центри што ќе се градат во сите градови на земјата. Инаку општина Тетово ја обезбеди целата потребна документација и одобренија за урбанистичко планирање за изградба на овој објект во рамките на Клиничкиот центар во Тетово. Според прогнозите на меѓународните здравствени власти како и оние во земјата, борбата против пандемијата ќе продолжи и во наредните месеци, затоа ги замолуваме граѓаните да бидат уште повнимателни и посовесни во идниот период, почитувајќи ги сите протоколи и мерки за заштита, изјави градоначалничката Теута Арифи по средбата.

Од Клиничка болница информираа дека во моментот има 12 слободни места за прием на Ковид позитивни лица.

-Има 43 хоспитализирани лица. Од нив 34 се на кислородна поддршка и со други коморбидитети. Слободни има 12 места, информираше д-р Гзим Нуредини , координатор во Ковид центарот.

Според податоците на тетовскиот кризен штаб бројот на активни случаи во Тетово и 5 околни општини е 984.

-Вкупниот број на лица со дијагностициран Ковид19 од очетокот на пандемијата до денес е 4394. Од оваа бројка досега се опоравиле 3154 лица, а 162 починале, информираше Арифи.

Во градинките има 5 активни случаи и 3 групи деца во изолација. Има 12 позитивни наставници во основните училишта и 3 паралелки во домашна изолација. Во средните училишта има 11 позитивни професори.

А.С

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава
МВР

Уапсен 43 годишник од Тетово по меѓународна потерница 12 години за убиство

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.