• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 2 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Мотоциклист го изгуби животот,четворица се повредени во четири сообраќајки во тетовско

14/07/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Мотоциклист починал во сообраќајка несреќа ноќеска во 23 часот на локалниот пат с.Палатица- с.Желино, при судир  помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.И.(23) oд Желино, Тетовско и мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(33) од с.Палатица.

-По незгодата мотоциклистот бил пренесен во Клиничката болница Тетово, каде што починал. Извршен бил увид на местото на несреќата од Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово, додека по наредба на обвинителот Г.И. лишен е од слобода и задржан за целосно расчистување на случајот, соопшти СВР Тетово.

Во сообраќајка во 17 часот и 20 минути на бул.„Видое Смилески Бато“ во Тетово, повредено е 9 годишно девојче.

-Патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.М.(39) од Тетово, удрило во деветгодишно девојче, пешак од Скопје. Во незгодата девојчето се здобило со тешки телесни повреди по што било пренесено во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош, информираат од СВР Тетово.

Во 17 часот и 50 минути на локалниот пат во Долно Палчиште се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел вектра“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.А.(20) с.Долно Палчиште и патничко возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.Ш.(49) од с.Долно Палчиште. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Џ.Ш., а со телесни  И.А. по што биле пренесени во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош.

Повреден е и 19 годишник кој во 18.40 часот пред комплексот „Арабати Баба Теќе“, со возило „бмв“ излетал од коловозот и удрил  во бетонски ѕид. Во незгодата, Б.Л. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.

А.С

Поврзани објави

Вести

Продолжуваат акциите за подигање фрлени отпадоци на Шар Планина

02/06/2023
Вести

Приведени две лица поради најдена дрога,еден за издржување мерка притвор

02/06/2023
Инфо компас

Ова лето FLAIR бренд на спортска облека нека биде твојот избор

01/06/2023
Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Следна објава

Пожар во Лешок

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!