Македонската Православна Црква – Охридската архиепископија преку одлука на САС одлучи да ги канонизира за светители игуменот Лешочки и народен просветител и учител Кирил Пејчиновиќ Тетоец како Свети Преподобен Кирил Лешочки и просветителот и игумен Јоаким Крчовски како Свети Праведен Јоаким, објави денес Даријан Сотировски од Комисијата за односи со вреските заедници.
-Ова е одлука со огромно и долгорочно значење за мое Тетово и полошкиот регион. Имаме наш Светец, молитвен застапник и чувар. Радост ми претставува тоа што неговата светост е препознаена од неговиот народ.Благодарност за огромниот ангажман на Митрополитот Јосиф кој го предложи неговото канонизирање и се даде себеси да му го издигне повторно Лешочкиот манастир, порача Сотировски преку социјалните мрежи.