• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
понеделник, 27 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Инфо компас

МТСП: Во понеделник почнува исплатата на мајските пензии

27/05/2022
во Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Министерството за труд и социјална политика известува на ден 30.05.2022 год. (понеделник) започнува етапната исплата на мајските пензии, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.

Пензија повисока за 1.000 денари ќе добијат повеќе од 330 илјади пензионери со исплатата на мајската пензија преку договорената директна финансиска помош за три месеци.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30.05.2022 година (понеделник);

За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 31.05.2022 година (вторник);

За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.06.2022 година (среда); и

За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.06.2022 година (четврток).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 30 мај (понеделник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред и во банките со цел заштита на личното и јавното здравје.

Поврзани објави

Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово во недела ќе има меѓународен турнир во шах

23/06/2022
Вести

На подрачјето на Општина Брвеница ќе се врши дезинсекција против комарци

22/06/2022
Вести

Во недела во црквата Свети Спас во Долно Палчиште ќе има црковно-народен собир по повод прва недела од Петровденските пости

21/06/2022
Вести

Изложба „Кохезија“ од утре во Уметничка Галерија Тетово

20/06/2022
Следна објава

Новоформираната јавна установа Национален парк Шар Планина добива средства за функционирање од приватен фонд

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.