• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 9 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Навивачите „Војводи“ најавуваат протести ако не се дозволи ФК Тетекс да игра во сабота на градскиот стадион

20/10/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Навивачката група „Војводи“ преку својата фејбук страница најави протести доколку не се дозволи од надлежните нивниот омилен клуб  Тетекс во сабота да го игра првенствениот натпревар со Вардар.

Соопштението го пренесуваме во целост: 

-Поради ново настанатата ситуација околу Градскиот стадион во Тетово и информацијата која ја добивме од нашиот клуб Тетекс дека Општина Тетово во координација со фудбалскиот клуб шкендија посакува братското дерби да го забрани по секоја цена да се одигра во сабота на Градскиот стадион во Тетово, ние како навивачка група ВОЈВОДИ јавно упатуваме апел до надлежните во Општина Тетово и шкендија да се вразумат и нивната вчерашна одлука да ја повлечат, да се извинат и да не предизвикуваат непотребни конфликти и омраза кон Тетекс и Македонците во Тетово!

Затоа што оваа забрана за настап на Тетекс на Градскиот стадион ќе ја прифатиме исклучиво само како поттикнување на меѓуетничка нетрпеливост, омраза кон македонскиот народ, свесно предизвикување на немири, проблеми во градот и против развојот на спортот. Исто така да напоменеме дека во последните неколку години сме сведоци на една кампања на која целата реторика е “едно општество за сите” па би сакале да прашаме дали ова е тоа “едно општество за сите” ? За каква еднаквост зборуваме кога во општините каде што Македонците се со помал процент на жители не се применува таа еднаквост. Ако таа еднаквост ја нема секаде тогаш зошто да мачкате очи со тоа ширум македонската јавност или пак таа еднаквост не е намената во средините каде што живееат поголем процент на албански граѓани ?

Ние тука не сме сирачиња кои ќе се условуваат кога би можеле да играме како што ни се налага цело време, а тоа е наместо во сабота натпреварот да се игра во петок или понеделник.

Стадионот е граден од парите на нашите дедовци, чичковци, татковци кои работале за помала плата на времето во фабриката Тетекс со цел Тетово и Тетекс да добијат фудбалски храм како што доликува. Градскиот стадион во Тетово е НАШ СТАДИОН, НАШ ДОМ !Доколку оваа одлука не се укине и продолжи инатот од страна на Општина Тетово и шкендија која без никаков правен документ го држи стадионот во нивна сопственост, ќе бидеме приморани да излеземе на улица да ја бараме правдата, но и покрај улица ќе започнеме и правна борба за нашиот стадион !

Ако не се изнајде решение ќе ги повикаме сите поранешни работници во фабриката Тетекс кои плаќале за овој стадион, поранешни и сегашни фудбалери на Тетекс од цицибани до сениори, сите поранешни и сегашни македонски советници во Општина Тетово, сите генерации на нашата навивачката група, сите фанови на Тетекс, љубители на спортот во Тетово, СИТЕ МАКЕДОНЦИ да застанат зад нашиот протест кој ќе го најавиме!

Македонецот доста време е угнетуван од сите страни во Тетово, Македонецот во Тетово време е да го крене својот глас додека не е предоцна, Македонецот во Тетово време е да покаже дека ова е негов град, дека ова е Македонија и дека нема да има намера да потклекнува!  Можеби сите мислат дека малку останавме, но се уште многу сме и НЕ СЕ ПРЕДАВАМЕ !!!  Време е за македонска револуција во Тетово !

 

Поврзани објави

Вести

Од 7 до 11 часот 29 санкции за непрописно престигнување на територијата на СВР Тетово

09/08/2022
Вести

Лебот достигнува рекордно високи цени, народот се плаши како ќе го купува

09/08/2022
Вести

Ангел Карапетров : Надминати правните прашања за капелата, до 1-ви септември очекуваме да почне со работа

08/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: Нашата заложба за модерно, европско Тетово нема да престане

08/08/2022
Вести

Одбележани 21 година од убиството на десет бранители кај Карпалак

08/08/2022
Вести

Осветен параклис посветен на Света Петка во Лешок

08/08/2022
Следна објава

Фудбалскиот дуел Тетекс-Вардар ќе се игра во сабота

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.