• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 30 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Навививачка група Војводи Тетово : Не преговараме со анти-македонски групи

Навивачката група Војводи од Тетово со соопштение ја поздрави иницијативата на претседателот Пендаровски но порача дека нема да преговара со анти-македонски групи. Потенцираат дека станува збор за групи кои на своите трибини го палат македонското знаме.

19/12/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Навивачката група Војводи од Тетово со соопштение ја поздрави иницијативата на претседателот Пендаровски но порача дека нема да преговара со анти-македонски групи. Потенцираат дека станува збор за групи кои на своите трибини го палат македонското знаме.

-И ние, како и нашите браќа Комити, ја поздравуваме оваа иницијатива на Претседателот, меѓутоа денеска прочитавме став на Претседателот дека целта е помирување на навивачките групи во Македонија. И сега се прашуваме, за какво помирување ќе зборуваме ??? Дали се свесни колку македонска крв е пролеана изминативе години ? Дали знаат колку наши припадници се нападнати со тврди предмети, ножеви и слично? Раните од убиството на Саздо се сеуште свежи…

Нема една мирна година каде што нема да заплаче некоја мајка македонска.Ние како навивачка група Војводи имаме свои кодекс и нашиот став околу кодексите е едногласен и непроменлив. Ние НИКОГАШ нема да преговараме со група која работи против македонските интереси, група која не ја признава оваа држава, група која не го почитува Уставот, група која има анти – македонски ставови и група која на своја трибина го пали македонското знаме, се наведува во соопштението.

Воедно за навивачка група Војводи од Тетово проблематично е името Северна Македонија.

– Ние не ја признаваме Северна Македонија, поточно за нас оваа држава секогаш ќе биде Република Македонија.Ние се бориме за унитарна Македонија. – Се оградуваме од политички влијанија и контакти со политички лица бидејќи ние се бориме за нашите интереси, сепак ние сме навивачи, а не политичари, велат тетовските навивачи.

Во пост скриптум на соопштението велат : И како македонски граѓани имаме барање до Претседателот Стево Пендаровски. На неговата средба со балисти и шверцери да им постави прашање: на следниот фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Косово наскоро, за кого ќе навиваат ?!

Тагови: војводинавивачка групапендаровски

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Свети Никола најбројна домашна слава во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.