• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Над илјада лица казнети поради прекршоци околу возачката дозвола

За 11 месеци 1182 лица кои управувале возила без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа со парична глоба од 300 евра во денарска противвредност.

26/11/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во текот на изминатите нецели 11 месеци од оваа година, заклучно со денес на поширокото тетовско подрачје СВР Тетово има откриено и санкционирано 1182 лица кои управувале возила без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа. На сите им се изготвени соодветни поднесоци и ќе се соочат со парична глоба од 300 евра во денарска противвредност.

-Во овој период, исто така, санкционирани се и 356 возачи-почетници кои не се придржувале кон законските ограничувања предвидени за оваа категорија возачи, а за кој прекршок предвидена е парична глоба од 200 евра. Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш со апел – поединци да не седнуваат зад волан без претходно положен возачки испит и да не ја доведуваат во прашање сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува, исто така, дека и сопствениците на возилата кои им ги даваат на управување на лица без возачка дозвола се санкционираат согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Глобата и за овој законски прекршок е 300 евра во денарска противвредност.

А.С

Поврзани објави

Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Следна објава

За продолжување на булеварот „Благоја Тоска“ ќе се рушат 8 куќи, пари од државниот буџет

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.