• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 30 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Над 3500 фотографии сведочат за активностите во изминатите 96 години на планинарскиот клуб „Љуботен“

23/03/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Најновата евиденција на историските материјали кои се чуваат во просториите на планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово покажува дека таму има над 3500 оригинални фотографии собрани во текот на 96 години постоење. Тие се ставени во специјални 30 албуми со цел да се зачуваат од оштетување и да сведочат за изминатите децении на функционирање на клубот.

-Низ овие албуми, библиотеката и богатата архива на планинарскиот клуб “Љуботен”, овековечени се, вмрежани и испишани 96 години градење, креирање, функционирање, опстојување, радување, другарување и постоење на многу генерации членови, почитувачи и гости на клубот, посетители на Шар Планина и сите останати планини.Тука се насмеаните лица на оснивачите на клубот и носителите на идејата за развој на планинарството во Тетово. Тука се генерации и генерации на членови. Денес сме тука, да направиме колку што е можеме, да ги зачуваме вредностите од минатите генерации и да ги пренесеме на идните. Да ја продолжиме традицијата, вели претседателот Јован Божиновски.

Покрај фотографии, во просториите на планинарскиот клуб „Љуботен“ во Тетово се чуваат десетици предмети стари и по 100-тина години кои претставуваат спомен за почетоците на планинарството и скијањето во градот, Шар Планина и воопшто во Македонија.  

Големиот број предмети се основа за размислување во клубот да се направи и планинарско-скијачки музеј со цел автентично чување на овие предмети со особено историско, општествено и културолошко наследство и богатство.  

Таму се наоѓаат првите рачно изработени скии во Тетово од Никола Николовски-Коларот во 1931 година е најстариот предмет што го има во планинарскиот клуб Љуботен, а поврзани со минатото на скијањето и планинарењето. 

А.С

Поврзани објави

Вести

Оштетено стакло од автомобил поради заталкан куршум

29/09/2023
Вести

Универзитетската библиотеката „Макс ван дер Штул“ со изложба на шеесетина уметнички дела создадени од ученици, студенти и академскиот кадар

28/09/2023
Вести

СВР Тетово: Приведен осомничен за кражба, украдениот предмет вратен на сопственикот

28/09/2023
Инфо компас

АПИС: Државна лотарија да ја преиспита одлуката за организирање игри на среќа на интернет

28/09/2023
Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Следна објава

За десет дена 35 казни за зборување на телефон при возење и некористење на сигурносен појас

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!