• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 23 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Намерно оштетени две цевки од централниот систем за довод на кислород во тетовската болница, без последици по пациентите

23/08/2021
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Вработените во тетовската болница утринава увиделе дека има оштетување на системот за централен довод на кислород низ објектите, а за среќа нема последици по пациентите.  Оштетени биле две споредни цевки кои носат кислород од централниот систем до првиот објект ургетно-дијагностичкиот центар, додека снабдувањето до Ковид одделенијата одело непречено преку главната цевка.

-Изгледа имавме среќа сите 125 пациенти што ги имавме ги спасивме, бидејќи да имаше оштетување на главната цевка тоа ќе беше катастрофа и не би сакал да предвидам што би можело да се случи и што би можеле ние да направиме во тие моменти. Тоа би требало да значи транспорт на сите пациенти од сите одделенија, а имаме нетранспортибилни пациенти. Замислете би требало да има над 70 отсто од пациентите да се транспортираат итно, за наша среќа не се случи. Се надевам дека сега полиција ќе видат што се работи кој е авторот на ова дело, изјави Д-р Гзим Нуредини, координатор во Ковид центарот на Клинича болница.

Во ургетно дијагностичкиот центар немало пациенти и на тој начин не дошло до поголеми последици.

-Немало прекин во довод на кислород затоа што тој дел го снабдува делот од ургетниот центар каде што имаме пациенти со инфаркти и друго каде ни треба кислород по потреба. Така да имаше таму пациенти одма ќе имаше последици. Замислете цела недела и викенд деновите беа тешки со Ковидот и ние сме навистина многу разочарани од ова. Се гледа дека некој со удирање со метален предмет врз цевките, една ја пресекол, додека другата е свиткана. Може немал време авторот на тоа дело, сега ќе се преземат мерки за поголемо обезбедување, изјави докторот.

Случајот е пријавен и во полицијата од каде е извршен и увид.  

-Со употреба на физичка сила биле оштетени две бакарни цевки со различна големина, односно капацитет.Едната цевка  за компримиран воздух била скината, а втората  за азотен оксидол била свиткана. Набрзо по пријавата, екипа на Секторот за внатрешни работи Тетово, во координација со Јавен обвинител, извршила  комплетен увид.Оштетувања се фотодокументирани и крим-технички обработени.Се расчистува и документира случајот, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

До пладнето во болницата стручни лица од соодветна фирма извршија и санација на оштетувањата на централниот систем за довод на кислород во тетовката болница. 

А.С

 

 

Поврзани објави

Вести

Вечерва продолжи да гори боровата шума во близина на тетовско Милетино

22/09/2023
Вести

Тешко повредена 24 годишна тетовка во судир на мопед и автомобил

22/09/2023
Вести

Изгаснат пожарот на борова шума во Тетовско, пожарникарите ќе дежураат на местото

22/09/2023
Вести

Гори борова шума во Тетовско, се гаси и од земја и од воздух

22/09/2023
Вести

Приведени малолетник и 18 годишник за насилство, а 30 годишна жена за разбојништво

22/09/2023
Вести

Тетовската библиотека доби ветување од Министерството за култура за реновирање на предложените простории и дополнително место за книгите

22/09/2023
Следна објава

Еден починат пациент 14 нови примени поради Ковид-19 во тетовската болница

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!