• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 9 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Наместо дома во изолација полицијата нашла две жени во локал

18/08/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовската полиција открила дека две женски лица дека не ги почитувале решенијата за изолација да бидат и дома и заминале во угостителски објекти. Тие се откриени вчера во рамки на редовните контроли за почитувањето на решенијата од Државен санитарен и здравствен инспекторат за изолација дома.

-Било утврдено дека две женски лица од Тетово на возраст од 20 и 51 година, со решенија за изолација, при контролата не се наоѓале во нивниoт дом, туку во угостителски објект, додека едно машко лице од тетовска Мала Речица на возраст од 27 години ја напуштило земјата. И против овие лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ согласно член 206 од Кривичниот законик, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до граѓаните од поширокиот Полошки регион целосно да ги почитуваат решенијата за изолација издадени од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и да не го доведуваат во прашање, не само сопственото, туку и здравјeто на другите граѓани.

-Доколку граѓаните позитивни на „ковид-19“ самоволно, на своја рака ги напуштат домовите и не бидат затекнати во истите при контролите кои секојдневно ги спроведуваат полициските службеници на СВР Тетово, против нив ќе следуваат поднесоци за „ пренесување заразна болест“ или за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, зависно од конкретните случаи, околности и крајните последици.За овие две кривични дела, согласно членовите 205 и 206 од Кривичниот законик, предвидени се парични или затворски казни од 1 до 10 години, потенцира портпаролот Јосифоски.

Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува дека самостојно или во координација со Државниот пазарен инспекторат ќе продолжи и со контролни активности во угостителски и други објекти, како и колку тие ги почитуваат владините мерки и протоколи за спречување на ширењето на „ковид -19“. 

А.С

Поврзани објави

Вести

Ангел Карапетров : Надминати правните прашања за капелата, до 1-ви септември очекуваме да почне со работа

08/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: Нашата заложба за модерно, европско Тетово нема да престане

08/08/2022
Вести

Одбележани 21 година од убиството на десет бранители кај Карпалак

08/08/2022
Вести

Осветен параклис посветен на Света Петка во Лешок

08/08/2022
Вести

СДСМ Тетово: Разговараме со граѓаните за подобрување на инфраструктуратa, празната реторика ја менуваме со вистиски дела

08/08/2022
Вести

Влатко Ѓорчев : Приемот меѓу луѓето е одличен, а тоа гарантира победнички резултат на ВМРО ДПМНЕ

08/08/2022
Следна објава

Денот на Армијата одбележан во тетовската касарна „Кузман Јосифовски - Питу“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.