• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 30 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Наредниот месец се очекува модуларна болница но и зголемување на Ковид заболени поради доаѓање на печалбарите во Тетовско

28/12/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 е можен по две недели поради доаѓање на печалбарите во тетовскиот регион, оценува д-р Гзим Нуредини, координатор во Ковид центарот во тетовската клиничка болница каде е започнато со работа за поставување на монтажен објект со цел да има повеќе легла. Се смета дека модуларната болница ќе претставување намалување на притисокот врз болничките капацитети и персонал.

-Сега не е потребен монтажниот објект но за две недели не знаеме што ќе се случи. Се плашиме дека ќе има зголемен број бидејќи многу луѓе се дојдени од Западна Европа на одмор во родниот крај, вели докторот.

Поставена е бетонска подлога за монтажната болница. Лоцирана е веднаш до пристапен пат.

-Наредниот месец се очекува да биде поставена модуларната болница во кругот на Клиничката болница Тетово. Треба да има 35 легла, големина околу 500 метри квадратни. Со распоред за персоналот, ќе има и лабораторија, рече Нуредини.

Минатата недела во тетовскиот регион се бележат 4 смртни случаи на луѓе на возраст од 62-82 годин, сите со коморбидитети.

-Сега во моментот има 33 пациенти што значи намален број на хоспитализирани но не значи пропорционално намален број на заболени бидејќи тука болните лежат со недели, изјави Д-р Нуредини.

Во последната евиденција на заболени од коронавирус има 878 активни случаи во тетовскиот регион.

А.С

Поврзани објави

Вести

Оштетено стакло од автомобил поради заталкан куршум

29/09/2023
Вести

Универзитетската библиотеката „Макс ван дер Штул“ со изложба на шеесетина уметнички дела создадени од ученици, студенти и академскиот кадар

28/09/2023
Вести

СВР Тетово: Приведен осомничен за кражба, украдениот предмет вратен на сопственикот

28/09/2023
Инфо компас

АПИС: Државна лотарија да ја преиспита одлуката за организирање игри на среќа на интернет

28/09/2023
Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Следна објава

Затворен локал со 73 гости, најдена и дрога

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!