• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 30 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Населбата Дреновец во Тетово се соочува со недостиг од вода за пиење

Станува збор за делот од Дреновец, над регионалниот пат и над стадионот во правец кон селото Ѓермо каде има стотина куќи и други објекти изградени во осумдесетитте и деведесетите години.

16/08/2019
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Жители на Тетово од населбата Дреновец алармираат дека недостигот со вода со кој се соочуваат може да биде причина за блокади на патиштата во тој реон, доколку не се надмине проблемот. Станува збор за делот од Дреновец, над регионалниот пат и над стадионот во правец кон селото Ѓермо каде има стотина куќи и други објекти изградени во осумдесетитте и деведесетите години.

-Со проблемот се соочуваме со години. Не помогна ниту новиот водоснабдителен систем. Многу куќи имаат хидрофори и ја земаат водата. Сметаме дека проблемот е во тоа што се користи и за наводнување и миење возила и и дворови, вели Зелфи Емини.

Според него за населбата Дреновец има повеќе решенија за подобро водоснабдување кои ги понудиле до општината.

-Може да се направи еден помал базен за вода до едно место каде има поголем притисок. Може вода да се донесе и од шумата околу Ѓермо, ама тоа е поскапо. Мора да се направи нешто инаку ние ќе бидеме приморани јавно со блокади да го искаже револтот, вели Емини.

Од јавното комунално претријатие велат дека сега вода има доволно но голем проблем е несовесното користење.  Велат дека ги предупредиле фирмите кои работат со вода.

-Водата мора да се користи само за пиење, а не за друго. Сите кои имаат потреба од наводнување или перење возила техничка вода има бесплатно која ја има во кругот на Тетекс, изјави Џелал Цека, директор на јавното комунално претријатие.

Од ЈКП велат дека во текот на летото и дефектите на водоводната мрежа се причина за неколкучасовни прекини во снабдувањето што по санирањето продолжува. Во моментот има 500 литри вода во секунда.

 

Тагови: деновецјкпнедостиг вода

Поврзани објави

Вести

Оштетено стакло од автомобил поради заталкан куршум

29/09/2023
Вести

Универзитетската библиотеката „Макс ван дер Штул“ со изложба на шеесетина уметнички дела создадени од ученици, студенти и академскиот кадар

28/09/2023
Вести

СВР Тетово: Приведен осомничен за кражба, украдениот предмет вратен на сопственикот

28/09/2023
Инфо компас

АПИС: Државна лотарија да ја преиспита одлуката за организирање игри на среќа на интернет

28/09/2023
Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Следна објава

Тетовец доби 4 кривични пријави за 27 кражби

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!