Кризниот штаб на Општина Тетово евидентира вкупно 21 лице во образовните институции заболени од Ковид-19, па препорача процесот на учење преку интернет што наставниците и професорите сега го спроведуваат од училишните установи да продолжи од нивните домови.
На состанокот на штабот на 13 октомври беа евидентирани 14 заболени поради коронавирусот, што значи дека оваа недела има зголемување на бројот.
-Во градинките Младост во Тетово, 3 вработени се позитивни од кои две се воспитувачки и еден вработен во администрацијата. Во основните училишта 7 наставници и 1 администратор биле позитивни на Ковид-19, додека 3 одделенски групи се во домашна изолација. Во средните училишта каде се одвива учење од далечина, на 11 наставници им е дијагностициран ковид19. Во сите основни и средни училишта, процесот на учење на далечина продолжува преку платформата на Мајкрософт, соопштија од Кризниот штаб на Општина Тетово.
Според податоците на Кризниот штаб при Општина Тетово до денес во шестте општини, вкупниот број на лица со дијагностициран е 1923.
Од оваа бројка досега 1417 лица се оздравени, 98 починале, а вкупната бројка на активни случаи во Тетово и петте други општини е 408.
Од СВР Тетово информирале на состанокот дека во рок од две недели изречени се 537 казни за неносење заштитни маски и две кривични пријави за два угостителски субјекти кои не го почитувале ограничувањето за работа до 23 часот.
А.С