• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 30 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Најава дека Тетово-Гостивар ќе биде стандарден автопат со по три ленти во правец

 Тетово-Гостивар ќе стане автопат со по три коловозни ленти во еден правец, најави директорот на јавното преттиајтие за државни патиша Зоран Китанов од Тетовско каде беше во посета за да увиди како оди реконструкцијата на делницата до Попова Шапка

23/07/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетово-Гостивар ќе стане автопат со по три коловозни ленти во еден правец, најави директорот на јавното претпријатие за државни патиша Зоран Китанов од Тетовско каде беше во посета за да увиди како оди реконструкцијата на делницата до Попова Шапка. Причината за проширувањето на патот од Тетово до Гостивар е голема фрекфренција на автопатот .

– Делницата А2 Тетово-Гостивар веќе е претесна. Дадена е проектната задача на Градежен факултет од каде имаат две алтернативни решенија. Двете се многу убави и на ниво на стандарден автопат но ќе ја кажам само едната. Според тоа решение лентите да бидат широки 3.75 метри со 3.50  метри 2.50 метри. Градежен факултет има една опција со која може да тендерираме за главен проект да се обезбедат средства, па да се размисли втората варијанта која е многу интересна, рече Китанов.

Тој најави целосна реконструкција на патарините долж коридор 8 и воведување електронско плаќање. Во тетовскиот регион освен Тетово-Попова Шапка ќе се реконструираат и други патни правци.

-Во тек е проектирање и во септември ќе започне рехабилитација на Карпалак-Желино во должина од 16 километри, потоа следи тендерска документација за патот Желино-Јегуновце. Со средства на Јавно претријатие за државни патишта се работи на делница Непроштено-Пршовце предвидени се 8 милиони денари,  Вратница-Јажинце премин со 2 милиони денари и во двата случаи подразбира гребење и нов асфалт. За делницата Тетово-Порој чекаме прво атмосферска канализација и водовод па ние да работиме со асфалтирање на тој пат. Грпките нема да останат после реконструкција, рече Китанов.

Досега е завршена делница Пирок-Боговиње-Врапчиште со инвестирање на 15 милиони денари.

Вкупно низ Северна Македонија се работи на 400 километри регионални и магистрални патишта кои се реконструираат, но пари има и за други локални патиша, најави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

-Владата станува стратешки партнер на општините. Подготвуваме како Влада проект од 70 милиони евра од Светска банка поврзан со локалните патишта кои што ќе даде уште поголем бенефит за општините. Тие средства од наредна година ќе може да се користат не само регионални и магистрални туку и локални патишта, рече Сугарески.

Дополнително ќе се работи и на новите експресни патишта како и интензивирањена градбата на автопатот Кичево-Охрид.

Александар Самарџиев

Тагови: автопатпроширувањететово-гостивар

Поврзани објави

Вести

Оштетено стакло од автомобил поради заталкан куршум

29/09/2023
Вести

Универзитетската библиотеката „Макс ван дер Штул“ со изложба на шеесетина уметнички дела создадени од ученици, студенти и академскиот кадар

28/09/2023
Вести

СВР Тетово: Приведен осомничен за кражба, украдениот предмет вратен на сопственикот

28/09/2023
Инфо компас

АПИС: Државна лотарија да ја преиспита одлуката за организирање игри на среќа на интернет

28/09/2023
Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Следна објава

Министерот за транспорт и врски вели дека реализација на гасоводот во Тетовско е 40 отсто

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!