• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Најава дека ќе проработи лизгалиштето како и дека ќе се реконструираат постарите спортски објекти низ државата

Ллизгалиштето во Тетово кое беше предадено на општината но не беше ставено во функција поради оштетување во наредните денови ќе се санира.

09/02/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски од Тетово најави реконструкција на постарите спортски објекти низ државата. Тоа беше и одговор на новинарско прашање што ќе се прави со спортската сала во Тетово која е на местото каде почна да се гради базен, а не се довршена речиси 4 децении.

-За една од работите за кои разговаравме со градоначалничката на општина Тетово е оваа спортска сала, пред се за целосна нејзина реконструкција. Еден од главните проекти покрај базените е реконструкција на постоечката спортска инфраструктура, се зафативме сите спортски сали, сите симбиоли на спортот, а оваа е симбол за спортот за Тетово, верувам дека ќе влезе во агендата и во најбрз можен рок биде реконструирана, рече Каевски.

Тој посочи дека лизгалиштето во Тетово кое беше предадено на општината но не беше ставено во функција поради оштетување во наредните денови ќе се санира.

-Во текот на новогодишните празници беше оштетено лизгалиштето. Има обврска општината да го одржува и да воведе ред за самото лизгалиште. Дополнително разговавараме со градоначалничката и штетата која е направена ќе се надополни и тетовчани од наредните денови ќе може да уживаат во благодетите кои ги дава лизгалиштето, рече Каевски.

Инаку базенот чиј камен темелник беше поставен денес, исто така ќе биде во надлежност на општината. Директорот Каевски најави разгледување на дополнителни можности за наоѓање механизам како да се напраби максимилизација на функционирањето со вклучување на спортските работиници.

А.С

 

Тагови: реконструкцијаспортска сала

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Две гледишта на Законот за игри на среќа

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.