• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Најголемиот полошки пописен реон Тетово-Боговиње има 300 пописни кругови, предвидени 242 попишувачи

24/03/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Пописен реон 32 каде се опфатени населените места при општините Тетово и Боговиње е најголемиот пописен реон во полошкиот регион со вкупно 300 пописни кругови за кои е предвидено пописот да го спроведат 242 попишувачи. Нивната работа при пописот на населението и домаќинствата ќе ја контролираат 24 реонски инструктори.

-Во зградата на Општина Тетово во тек се обуки и инструкции од овластени лица од Државен завод за статистика за реонските инструктори. За попишувачите се чека конечна одлука за нивен избор кои исто така треба да стигнат од Заводот. Имаше два конкурси, бидејќи иако на првиот се јавија 366 кандидати сите не дојдоа на тестирање. Потоа се распиша уште еден конкурс за 110 попишувачи кои исто така поминаа тестирање, изјави Славица Серафимовска, претседателка на реонската пописна комисија.

Од 242 попишувачи, 182 се Албанци, 49 Македонци, шест се Турци и пет се Роми. Од 24 пописни инструктори 17 се Албанци, пет се Македонци и по еден од Ром и Турчин.

Во пописен реон 33 се опфатени населените места од општините Теарце и Јегуновце, додека во пописен реон 34 се населени места од општините Желино и Брвеница. 

А.С

Поврзани објави

Вести

Околу две илјади нови студенти ги почнаа своите студии на Универзитетот во Тетово

02/10/2023
Вести

Здравствен дом Тетово информира дека не е нивно возилото од видеото каде брза помош носи столици до казино

02/10/2023
Вести

„Сакам да работам до партиите“: „Вашите кампањи против игрите на среќа се против 10 илјади вработени, кои можеби заедно со своите семејства на избори гласале и за вас!“

02/10/2023
Вести

На тетовскиот плоштад во среда 4 октомври од 20 часот „Македонијо во срце те носиме“

02/10/2023
Вести

Полицијата со пријава за жител на Жеровјане кој пукал и ранил овчарско куче на човек од Боговиње

02/10/2023
Вести

На автопатот Тетово-Гостивар животот го загуби 18 годишно момче од Чегране

02/10/2023
Следна објава

Уметничка Галерија со изложба на слики-избор од ликовните колонии

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!