• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Најновата одлука за заштита на Шара позитивна за планинарите од Тетово, се очекува поскора завршница на процесот за национален парк

06/05/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовските планинарски клубови ја оценуваат како позитивна одлуката на Владата да ги прифати предлозите на Министерството за животна средина и просторно планирање за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата национален парк. Сепак се потенцира дека е важно уште побрзо да се одвива и понатамошниот тек од процедурата која треба да се заврши во Собранието, со гласање за закон за прогласување на новиот национален парк.

-Ова значи нема веќе враќање назад, имаме студија која е одобрена и која поминала на Влада. Следниот чекор се јавни расправи на кои ќе се презентира студијата и плановите и ќе се слушне размислувањето за истите од сите засегнати страни. На крајот е собраниска седница на која треба да се прогласи национален парк, изјави Јован Божиновски, претседател на планинарскиот клуб Љуботен од Тетово.

Од планинарскиот клуб Јелак од Тетово потенцираат дека освен што ќе се прогласи Шара за национален парк очекувањата се и реализација на предвиденото околу заштитата.

-Позитивна вест, ама со нетрпение ја очекуваме одлуката за прогласување во Собранието. Се надеваме на брза реализација и транспарентност на постапката. За нас е најважно да се реализира прогласувањето на Шара за национален парк. Одлуката е позитивна, но и нашите очекувања се поголеми. Одлуката доцни со години, исто така и прогласувањето на Шар Планина за заштитено подрачје во категорија национален парк. Се надеваме на квалитетна реализација, истакна Борис Стојановски-Цули, претседател на планинарскиот клуб Јелак од Тетово.

Планинарите од Тетово најчесто алармираа на интензивната сеча на дрвата и шумата на Шар Планина и дека е потребна итно прогласување за националне парк и поголема заштита на природната разноликост и богатсво на масивот.

Од 1994 има иницијативи за прогласување на Шар Планина за национален парк со цел да се заштитат сите природни ресурси.  Република Северна Македонија има 9 отсто заштитена зона низ државата, а со прогласување на Шар Планина за национален парк бројката би се зголемила на 12 проценти.

А.С

 

Поврзани објави

Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Следна објава

Тетовско без нови лица кои треба да бидат во изолација поради коронавирус

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.