• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

На болничко лекување 51 лице, сите повозрасни и во тешка состојба

Во Ковид-19 центарот при Клиничка болница Тетово се хоспитализирани вкупно 51 човек, сите во тешка состојба и на кислородна поддршка, информираше на денешната прес-конференција, д-р Гзим Нуредини, координатор на Ковид-19 центарот.

12/11/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Ковид-19 центарот при Клиничка болница Тетово се хоспитализирани вкупно 51 човек, сите во тешка состојба и на кислородна поддршка, информираше на денешната прес-конференција, д-р Гзим Нуредини, координатор на Ковид-19 центарот.

Според него овие две недели е најалармантна состојбата со прием на тешки случаи во Ковид-19 центарот при Клиничка болница Тетово од периодот на март и април кога почна епидемијата. Пред три дена имаше 45 лица на болничко лекување.

-Беше покомотно, но пред две недели се покачи бројот рапидно, знаевме и бевме подготвени. Од март/април направивме централен довод на кислород знаевме дека е круцијално во третман на Ковид пациенти. Без кислород како да не дише пациентот, истакна Д-р Нуредини.

Изминава недела речиси секојдневно има и смртни слуачи меѓу хоспитализираните.

-Има за жал и починати и во овие два-три дена имаше по еден-два. Сите биле хоспитализирани сите како тешки случаи, за среќа нема млади, но сите починати се повозрасни што е тешко и за нив и за медицинскиот персонал, рече координаторот на Ковид центарот.

Со оглед на малиот број кревети во Инфективното одделение оспособени за прием на тешките случаи на Ковид-19 пациенти се два ката од зградата каде е Интерно одделение.

А.С

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Триесет и осум годишник нападнат од бездомно куче

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.