• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 29 мај 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

На вториот конгрес во Тетово денес Зијадин Села реизбран за претседател на Алијанса за Албанците

27/03/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На втор конгрес на Алијанса за Албанците во Тетово, досегашниот претседател Зијадин Села беше повторно избран за лидер на партијата. Тој немаше противкандидат и речиси сите околу 600 кандидати гласаа за реизборот на Села како претседател.

Тој рече дека политичкото дејствување ќе биде насочено согласно партиската платформа каде има неколку клучни поенти за кои ќе се залагаат. Дел од нив како членство во НАТО и закон за државјанство веќе се отстранети како исполнети.

-Во платформата уште стои потребата за еднаквост во оваа држава. Значи државата треба да биде еднаква за сите,а не општеството да биде едно за сите. Стојат потребите за уставни измени, стои дека албанскиот јазик треба да се решава со устав. Нема примерок во светот каде една третина од едно вкупниот број на населението да се третира како малцинство и плус оние дефиниции за албанскиот јазик кои се омаложувачки дефиниции кои даваат привременост на албанскиот јазик. Албанскиот јазик не е некој јазик со проценти над или под 20 проценти, изјави Зијадин Села по конгресот на средбата со новинарите.

Тој посочи дека ќе се залагаат како партија за поинаквов вид на децентрализација на локалната власт од државната.

-Ние се залагаме за вистинска децентрализација, тоа подразбира можности и власт која е поблиска до граѓаните. Не можеме ништо да направиме со ваква локална власт која е најцентрализирана во регионот и во пошироки примери и размери. Предвидуваме ДДВ-то кое ќе се враќа да биде повисоко и градоначалниците кои се избираат да имаат не само ветување туку и можности да ги исполнат тие ветувања, истакна Села.

На новинарско прашање како ја коментира реакцијата на активист дека нелегално се избира по трет пат, Села рече дека ова е втор конгрес и според тоа нема прекршување на статутот каде се вели дека претседател може да има само два мандати. Најави дека овој ќе му биде последен мандат како претседател на Алијанса за Албанцире.

-Секој има право да критикува, да размислува. На сите членови им се заблагодарив и на тие што се противеа и ние имаме потреба и од критики, за да се усовршиме уште повеќе. Се работи за наш активист, немам информации дали е зачленет, знам дека не е делегиран како делегат во конгресот. Тоа право немам јас, туку членство каде се прават избори, собрание каде се прават избори и даваат право за делегирање. Не стојат тие работи. Ова е втор конгрес и не може да биде трет мандат како претседател на Алијансата за Албанците, истакна лидерот на партијата.

Во работниот дел од конгресот Алијанса за Албанците усвои декларација во која се опфатените економска криза и социјален аспект како  и агресијата на Русија во Украина. Изгласани беа промени во статутот на партијата при што најниско ниво на организација нема да биде подогранок туку Совети на гласачко место.

ас

Поврзани објави

Вести

ЖФК Љуботен со победа во среда повторно ќе го освои првенството

29/05/2023
Вести

Наградата за најдобра претстава за деца и младинци за „Црвенкапа“ на Летечка театарска трупа-Тетово

29/05/2023
Вести

Вчера од 14 до 19 часот санкциониран 31 мотоциклист, најмногу за немање заштитен шлем

29/05/2023
Вести

Искажани завршни зборови во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово, пресуда на 5 јуни

29/05/2023
Вести

Трет обид за завршни зборови во судскиот процес за обвинетите во модуларната болница

29/05/2023
Вести

ФК Тетекс обезбеди опстанок во Втората македонска фудбалска лига

28/05/2023
Следна објава

Локализиран пожар на отворено во тетовски Дреновец, спречено е огнот да се доближи до куќите

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!