Дирекцијата за заштита и спасување, Факултетот за безбедност и СВР Тетово денес во центарот на градот одржаа превентивно-едукативна презентација за заштита на населението од неексплодирани убојни средства. Минувачите добиваа информативни летоци и совети како да постапат во случај ако најдат таква неексплодирани направа.
-Присутни сме тука со цел запознавање на граѓаните со опасноста од нексплодирани убојни средства. Се работи за две годишен проект спонзориран од програмата „Наука за мир и безбедност“ од НАТО во однос на изнаоѓање на алатка за паметно решавање и изнаоѓање на докази и онеспособување на вакви неексплодирани убојни средства. Пирмер на територијата на Солунски фронт има оставено голем број гранати, бомби, минофрлачи но и во Тетово и на подрачјето се наоѓаат неексплодирани средства, изјави Александар Иванов, професор на Факултет за безбедност во Скопје.
Од тетовската Дирекција за заштита и спасување велат дека граѓаните непотребно се плашат од последици и не пријавуваат ако најдат вакви неексплодирани направи.
-Апелираме ако најдат или ако имаат сознание дека постои неексплодирано убојно средство, веднаш да пријават во Дирекција за заштита и спасување. Граѓаните не се соочуваат со никаква пријава кон нив, нема да имаат никако проблем доколку пријават до нас или полиција дека постои вакво неексплодирано средство, вели Ариф Арифи, раководител на ДЗС Тетово.
Секој месец до полицијата и до ДЗС стигнуваат пријави дека се најдени неексплодирани бомби, гранати и слично.
-Просек имаме по 10 примери месечно на наоѓање на неексплодирани убојни средства. Најчесто се наоѓаат бомби, гранати, зољи, мини, во 2019 сме нашле преку 20 илјади куршуми. Зависи од граѓаните што пријавуваат. Може имаат и дома, но не пријавуваат па затоа апелирам да јавата за такви направи. Најчеесто се наоѓаат во ниви, но ги оставаат и по патишта заради страв од граѓаните. Повредено до сега немало, рече Арифи.
Главните совети се при наоѓање на направа да се повика бројот 192 и да не допира најдениот предмет.
А.С