-На денешен ден пред точно 30 године излезе првенецот на група Легенда под наслов „92“ – музички продуциран од Валентино Скендеровски,извршен продуцент Петар Георгиевски и главен и одговорен уредник Јане Коџабашија под етикета на МРТ, објави тапанарот Игор Бачоски на социјалните мрежи.
Покрај Игор Бачоски, првиот албум на Легенда го имаат создадено и останатите тогашни членови на групата Властимир Тодоровиќ на клавијатура, Влатко Мишески бас гитара и Кокан Данајлоски вокал и гитара.