Музејот на тетовскиот крај организираше со изложба на фотографии од градењето на железничката пруга и станица во Тетово активно се вклучи во Европските денови на културно наследство. Денес по тој повод на железничка станица во Тетово беше организиран историски час на кој присуствуваа ученици од основните училишта во градот.
-Националната установа Музеј на тетовски крај се вклучи во Европските денови на културно наследство каде се се одбелеува година на железниците. Ние зедовме учество со фотографии кои се изложени во самата железничка станица од изградбата на пругата Скопје-Тетово-Гостивар 1951-1952 година, изјави Миќо Стојчевски, директор на Музејот.
-Нашата установа располага со значајни албуми кои се од големо значење за Полог и Македонија. Тука би го споменале албумот со фотографии кои настанале при градењето на железничката пруга Скопје-Тетово-Гостивар. Албумот содржи 55 фотографии од изградбата на оваа железничка пруга, изјави Кристина Томовска Ристовска, кустос во Музејот на тетовски крај.
На историскиот час кој кустосот Кристина Томовска Ристовска го одржа за учениците посочи дека железничкиот сообраќај во Македонија датира од втората половина на 19-тиот век.
-Во летото 1916 година за време на Првата светска војна почнува со изградба на железничката линија Скопје-Охрид, прв крак со должина од 22 километри од Ѓорче Петров- Орашје. Втор крак бил од Тетово-Гостивар-Кичево-Подмоље-Охрид. Вкупната должина била 163 километри, а за периодот додека се градела биле направени 201 објект, 48 мостови и 36 крстосници. Железничката пруга до Тетово е изградена со младински акции на 52 илјади доброволци од градот и околината и од припадниците на ЈНА, рече кустосот.
Оваа железничка пруга и станица биле свечено пуштени во употреба на 25 мај 1952 година.
ас