• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
петок, 19 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result




Home Вести

На жител на Одри во Теарце му го украле автомобилот

05/07/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Педесет и пет годишен жител на Одри вчера половина час пред полноќ во полиција пријавил дека околу 23 часот му било одземено неговото патничко возило „опел корса“, со тетовски регистарски ознаки, кое го паркирал незаклучено во тетовско Теарце. Од полицијата апелираат да не се оставаат возила незаклучени или со клучевите во брава.

-На тој начин возилата стануваат мошне привлечен „плен“ за крадците, кои обично набрзина ги одземаат и уште побрзо се оддалечуваат од местото. Ова, посебно ако возилата се оставени во неосветлени, споредни и нефрекфрентни улички, а поради што Секторот за внатрешни работи Тетово повторно апелира до нивните сопственици задолжително да ги заклучуваат и да не ги оставаат клучевите во брава, изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Портпаролот потенцира исто така, на седиштата во возилата да не оставаат таблети, лаптоп-компјутери, мобилни телефони, несесери, очила за сонце, кожна галантерија, накит или други скапи предмети, кои во голема мерка можат да ги привлечат крадците и да ги поттикнат на насилно провалување.

Од СВР Тетово информираат и дека се реализраат повеќе превентивни активности за заштита од тешки кражби во куќи, станови и моторни возила, кои се најчестите места каде се вршат вакви кражби, зависно од вкупните епидемиолошки и други состојби на поширокото тетовско-гостиварско подрачје. 

А.С

Поврзани објави

Вести

Илија Димовски: Со победата на ВМРО ДПМНЕ во Тетово се најавува политички пресврт во Македонија

18/08/2022
Вести

Завршна конвеција на СДСМ во Тетово, Димитар Ковачевски со поддршка на иницијативата Тетово сака парк

18/08/2022
Вести

Јане Ченто: Tетово заслужува луѓе кои ќе го направат модерен и современ град

18/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: На 20ти август да излеземе масовно и гласаме за бројот 1, нека европско Тетово го почувствуваме сите

18/08/2022
Вести

ВМРО НП: Со масовна поддршка на една од кандидатските листи да бидат избрани повеќе советници Македонци

18/08/2022
Вести

Станислав Бојчески : Во гимназија поставување на функционален спортски терен до крај на 2022 година

18/08/2022
Следна објава

Одбојкари од Србија победија на првиот меѓународен турнир во одбојка на песок во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.