• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 23 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

На луѓето без приходи со добивање на социјалните услуги им следува лекување без партиципација

Луѓето кои немаат приходи а имаат потреба од лекување да се пријавуваат за адекватна помош во Центрите за социјална работа со што потоа се ослободуваат од партиципација во здравството. Така социјалните и здравствените сервиси се координирани на национално ниво за да се обезбедат граѓаните кои се без егзистенција. Ова беше одговорот министерката Мила Царовска на новинарско прашања за семејство од Тетово кое се соочува со потешкотии во лекувањето поради немање приход.

11/09/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Луѓето кои немаат приходи а имаат потреба од лекување да се пријавуваат за адекватна помош во Центрите за социјална работа со што потоа се ослободуваат од партиципација во здравството. Така социјалните и здравствените сервиси се координирани на национално ниво за да се обезбедат граѓаните кои се без егзистенција. Ова беше одговорот министерката Мила Царовска на новинарско прашања за семејство од Тетово кое се соочува со потешкотии во лекувањето поради немање приход.

-Оние што се корисници на минимален адекватен приход или поранешна социјална помош, во законот сега опфатена како гарантиран мининимален приход се ослободени од партиципација како нивните деца така и возрасните. Тоа е во програма на Министерството за здравство. Ние сме целосно во координација затоа што здравствените и социјалните сервиси целосно се се испреплетени на локално ниво. Сите оние лица кои се материјално депривирани или материјално оштетени, немаат приходи, немаат финансиски средства ги повикувам да се обратат во центар за социјална работа да обезбедат гарантиран приход кој што сега е доволен за минимум услуги да се обезбедат во семејството. Тоа се детски додаток, образовен додаток, гарантиран приход и во моментот кога ќе ги обезбедат овие права тие добиваат и бесплатна ослобoдени се од партиципација за специјалистички консулатативни и сите други здравствени прегледи меѓу кои и болничкото лекување. Тоа е регулирано во програма со Министерствотo за здравство, рече Царовска.

Министерката потенцира дека во изминатите 2,5 години Владата прави напори да се вработат луѓе во Центрите за социјална работа кои на терен ќе ги регулираат ваквите проблеми на граѓаните.

-Има лица кои ќе ја запознаат средината и дневно ниво ќе бидат во комуникација со граѓаните. Социјални политики може да бидат најквалитетни кога се блиску до граѓаните. Имаме вработувања низ сите центри низ Македонија имаме повеќе од 200 вработувања само во Центри за социјална работи и над 1200 вработувања во градинките за 2,5 години од почеток на мандатот. Затоа што утврдивме дека недостасува кадар. Ако имате немате доволно кадар нема да има квалитетна услуга.  Ако се обрати граѓанин до Министерството ние тоа сме го опслужиле,потенцира Царовска.

 

Тагови: здравствена партиципацијалица без приходиминимален адекватен приход

Поврзани објави

ВМРО ДПМНЕ Тетово ОК
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Реакција на Фејсбук објавата на градоначалникот Биљал Касами

22/03/2023
Вести

СДСМ: Градоначалникот Биљал Касами да не споделува ставови фаворизирајќи само една етничка група

22/03/2023
Вести

За 80 денови 1192 мерки за непрописно паркирани возила, 946 подигнати со пајак-возило

22/03/2023
Вести

Нов мултифункционален спортски терен во тетовската гимназија – донација од советникот Станислав Бојчески

22/03/2023
Вести

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ со премиера на приказната за Црвенкапа

22/03/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија на 22 март

22/03/2023
Следна објава

Проекција на филм и хуманитарна акција во недела 15 септември

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.