Ндерим Сарачи од Косово е победник на „Вториот отворен турнир во брз шах“ што вчера во Тетово го организираа шах клубот Анпасан и здружението за култура „Визион М“ .
Победникот е првак на Косово и ја има титулата меѓународен мајстор. Второто место му припадна на Кораб Сарачи исто така од Косово. Третото место го освои Тони Лазов од Неготино кој лани беше победник на овој турнир.
-На турнирот учествуваа 142 шахисти од Македонија, Албанија, Косово и регионот се натпреваруваа преку швајцарски систем на натпреварување, во девет кола. Ова е втор пат да се одржи овој турнир во организација на здружението за култура „Визион М“ и шах клубот Анпасан. Натпреварувањето е регистрирано во Меѓународната федерација и учесниците ќе добијат поени за рејтинг. Целта беше да се зближат луѓето, за да се вклучат во добра и корисна работа и да се создаде волја за отворање други патишта на соработка, не само во рамките на Македонија, туку и во земјите од регионот, изјави Назмидин Имери од клубот Анпасан.
Победникот на турнирот доби пехар и главна парична награда.
ас