• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
понеделник, 15 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

На седница на Совет градоначалникот Касами објави дека долгот на Општина Тетово е над 24 милиони евра

24/11/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами на втората седница на Советот на Општина Тетово објави дека тетовската општина има вкупен долг од над 24 милиони евра. Советниците добија листа каде се набројани обврските на општината кон приватен сектор, јавниот сектор, приватни лица, некнижени обврски според договори и ставка именувана сомнително договорено обврски.

Претседателот на Советот Бесар Дурмиши го најави обраќањето на градоначалникот со образложение дека има да сподели јавна информација.  Веднаш потоа советничката група на ДУИ ја напушти седницата.

-Сакам да го информирам советот за извештај кој е подготвен и кој ќе биде објавен јавно. Досега е констатирано дека Општина Тетово има над 864 милиони денари, училиштата над 4 милиони, ЈКП Тетово над 596 милиони, градски паркинг над 11 милиони денари или вкупно една милијарда 477 милиони 120 илјади и 659 денари или 24 милиони 18 илјади и 222 евра, истакна од говорницата градоначалникот Биљал Касами.

Советот донесе одлука да се додели помош од по 60 илјади денари на семејствата  на луѓето кои ги загубија животите во сообраќајната несреќа во Бугарија кои се со живеалиште во Тетово.  На седницата беше донесена одлука за прифаќање на помош од Светска банка со која ќе се набавува камион и контејнери за смет за комуналното претријатие.  Верификуван беше мандат на советничка од ДПА која доаѓа на место од носителот на листата Пајтим Тачи кој се повлече од советничкото место.

Новинарите во Тетово не добија известување за одржување на седницата, која беше емитувана во живо на Фејсбук но без можност да се слуша преводот од албански на македонски јазик кој го имаше во салата.

ас

Поврзани објави

Вести

Дафина Стојановска: ВМРО-ДПМНЕ во Тетово добива огромна поддршка, во новиот совет ќе биде одлучувачки фактор

14/08/2022
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Во Фалише и Сараќино средбата со жителите ја дава надежта за убедлива и сигурна победа

14/08/2022
Вести

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачески со порака до тетовци дадат поддршка за кандидатите за советници предводени од Глигорије Стојановски

14/08/2022
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Тетовчани со искрена поддршка за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ

14/08/2022
Вести

Живе Алексовски : За европско Тетово, за град со развојна економија, на 20-ти август заокружи број 1

14/08/2022
Вести

ВМРО ДПМНЕ : Имаме срдечен прием, позитивни атмосфера и поддршка од тетовчани

13/08/2022
Следна објава

Дарко Коцевски поставен на функцијата секретар на Општина Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.