• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

На УЈИЕ дебата за претседателските избори во САД

Студенти и дел од вработените имаа можност да се запознаат со изборниот модел на САД, од Ерик Елиот, службеник за односи со јавност во Амбасадата.

03/11/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Претседателските избори во Соединетите Американски Држави беа повод за вчерашната дебата и вебинар што беше организира од научниот институт „Макс Ван Дер Штул“ при Универзитетот на Југоисточна Европа и Амбасадата на САД. Студенти и дел од вработените имаа можност да се запознаат со изборниот модел на САД, од Ерик Елиот, службеник за односи со јавност во Амбасадата.

-Целта на овој вебинар беше да се запознаеме со американскиот претседателски изборен систем, политичката култура и комуникација во ерата на дигитализацијата. Учеството на вебинарот беше доста големо, студенти, вработени, а меѓу нив беше и ректорот на УЈИЕ, а учесниците поставија многу прашања во врска со методот на гласање, влијанието на лажните вести, влијанието на Пандемијата КОВИД 19, профилите на кандидатите Доналд Трамп и Џо Бајден и многу други прашања во однос на овие избори, информираат од УЈИЕ.

Директорот на научниот институт „Макс ван дер Штул“, проф.д-р Вели Креци потенцира дека голем е интересот за американското општество кај студентите кои воедно се интересираат и за студиски програми во САД.

-УЈИЕ има бројни профили на студиски програми од областа на општествените науки и има многу студенти и вработени кои сакаат да знаат повеќе за претседателските избори во САД, истакна Креци.

Предавање поврзано со претседателските избори во 2016 година се одржа на УЈИЕ , каде што презентација одржа заменик-амбасадорот Микаела Швајцер-Блум, а во тоа време кандидати за претседател беа сегашниот претседател Доналд Трамп и Хилари Клинтон.

А.С

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Тетовец со затворски денови ќе издржи казна за кривично дело „неплаќање на парична казна“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.