• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 30 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

На 106 возила возачите сами ги отстраниле фолиите по полициска контрола

Осум лица не го сториле тоа и ќе се соочат со соодветни законски предвидени санкции, информира денес СВР Тетово. Акцијата е спроведена вчера од 10 до 15 часот на тетовското подрачје.

23/01/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

За пет часа во текот на вчерашната локална сообраќајно контролна акцијка на 106 возила возачите сами ги отстраниле фолиите, додека 8 не го сториле тоа и ќе се соочат со соодветни законски предвидени санкции, информира денес СВР Тетово. Акцијата е спроведена вчера од 10 до 15 часот на тетовското подрачје.

-Сите прекршители законски сe санкционирани со исклучување од сообраќај и со изготвување на поднесоци, зависно од видот и карактерот на констатираните прекршоци, истакна Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

При контролата, исто така, откриени се 5 возила со истечена регистрација, исто толку лица ги управувале возилата без положен возачки испит, 2 возачи користеле мобилен телефон, 6 возила биле непрописно паркирани и други видови прекршоци.

Затемнетите стакла со фолии на возилата не поминуваат на технички преглед, а како прекршок се казнува со 300 евра.  Во член 20 од Правилник за уреди и опрема и нормална каде е потенцирано колкава треба да биде видливоста на стаклата.Видливовста на ветробранското стакло (шофершајбна) треба да биде 75 проценти, а на страничните бочни стакла кај возачот и совозачот видливоста 70 проценти, велат од станицата технички преглед Автостар плус од Тетово.

Од таму велат дека поради ваквиот „тренд“ имаат  чести недоразбирања кога им велат на сопствениците на возилата дека не може во таква состојба возилото да добие одобрение за техничка исправност.

-Законските одредби се јасни и не дозволуваат поставување фолии за затемнување. Од друга страна постојано доаѓаат луѓе со затемнети стакла на возачкото и совозачкото стакло па дури и на  ветробранското стакло (шофершајбна). Така доаѓаме во конфликт, но мора да се знае дека за помине едно возило на технички преглед стаклата не треба да бидат целосно затемнети, односно треба да ја имаат соодветната видливост, велат од станицата технички преглед Автостар плус од Тетово.

А.С

Тагови: возилаотстранетифолии

Поврзани објави

Вести

Оштетено стакло од автомобил поради заталкан куршум

29/09/2023
Вести

Универзитетската библиотеката „Макс ван дер Штул“ со изложба на шеесетина уметнички дела создадени од ученици, студенти и академскиот кадар

28/09/2023
Вести

СВР Тетово: Приведен осомничен за кражба, украдениот предмет вратен на сопственикот

28/09/2023
Инфо компас

АПИС: Државна лотарија да ја преиспита одлуката за организирање игри на среќа на интернет

28/09/2023
Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Следна објава

Започнаа да функционираат новоотворените канцеларии за социјални работи во општините Брвеница и Желино

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!