На 52-годишна возраст вчера во Тетово ненадејно почина Горан Чавдаровски, истакнато име во македонскиот спорт и атлетиката.
Чавдаровски е роден 17.09.1967г. во Тетово. Како атлетичар во атлетскиот клуб Љуботен од Тетово, настапувал во дисциплините на 100,200,300 и 400 метри каде има освоени повеќе медали, бил член и во репрезентацијата на Македонија, како и во штафетата, носител на рекордот на Македонија на 4х300м за млади младинци.
Како тренер работеше и беше иницијатор на формирање на атлетскиот клуб Тетово во 1983 година. Со клубот имал повеќе државни прваци и репрезентативци, додека во атлетска федерација беше на позициите селектор и претседател на тренерската комисија. Чавдаровски беше и професор по физичко воспитание во основното образование.