• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 9 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Неделава поголем број пријави за семејно насилство во Тетово

Карактеристично е дека сите пријави се однесуваат за настани случени во градот Тетово.

30/06/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Зголемен број на пријави за семејно насилство бележи тетовската полиција оваа недела.  Карактеристично е дека сите пријави се однесуваат за настани случени во градот Тетово.

-Вчера во 21 часот и 10 минути во СВР Тетово се пријавил 43-годишниот тетовец Г.Ѓ., откако претходно неговата 63-годишна мајка пријавила дека физички ја нападнал и оштетил дел од покуќнината.Исто така вчера околу 15 часот и 15 минути, на улица „115“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 48-годишниот тетовец Ќ.Ф., кој пред тоа бил пријавен дека физички ја нападнал неговата 46-годишната сопруга, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во вторникот 28 јуни околу 2 часот и 45 минути, полициски службеници на СВР Тетово, на улица „107“ во Тетово,  го лишиле од слобода 36-годишниот тетовец М.М., кој претходно бил пријавен од неговата 33-годишна сопруга дека физички ја нападнал, а се обидел да го нападне и нивното малолетно дете.

Во неделата 26 јуни околу 21 часот на Граничниот премин Табановце од слобода бил лишен 43-годишниот М.С. од тетовско Селце, по кого била распишана потерница поради сомнение дека извршил кривично дело семејно насилство. Тој е донесен и задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Поврзани објави

Вести

Ангел Карапетров : Надминати правните прашања за капелата, до 1-ви септември очекуваме да почне со работа

08/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: Нашата заложба за модерно, европско Тетово нема да престане

08/08/2022
Вести

Одбележани 21 година од убиството на десет бранители кај Карпалак

08/08/2022
Вести

Осветен параклис посветен на Света Петка во Лешок

08/08/2022
Вести

СДСМ Тетово: Разговараме со граѓаните за подобрување на инфраструктуратa, празната реторика ја менуваме со вистиски дела

08/08/2022
Вести

Влатко Ѓорчев : Приемот меѓу луѓето е одличен, а тоа гарантира победнички резултат на ВМРО ДПМНЕ

08/08/2022
Следна објава

Општина Тетово забранува меѓуградски автобуси да застануваат низ градот, полицијата вели не дала согласност

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.