Според евиденцијата на Министерството за здравство неделата што измина во споредба со претходната (30.11-6.12) во тетовскиот регион се бележат помалку заразени со коронавирус, како и помалку смртни исходи.
Од понеделник 7 декември до денес 13 декември се евидентирани вкупно 286 ново заболени од Ковид-19, за разлика од претходната недела кога имаше 293. Неделава има и 5 смртни случаи додека минатата недела имало 6. Има и повеќе оздравени, сега 399 а мината недела 153.
Денес има 29 нови заболени и 41 оздравени. На инфективното одделение во Тетово на болничко лекување има 41 пациент.
А.С