• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 14 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Неколку часовни прекини во водоснабдувањето во повеќе делови на Тетово

14/09/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Граѓаните на Тетово кои живеат во центарот на градот и во стариот дел како населбите Певчина и Поток изминативе недели секојдневно се соочуваат со повеќе часовни прекини во водоснабдувањето.  Според жителите од овие места во градот прекините се во различни периоди од денот и траат по неколку часа.

-Секој ден има прекини, а вчера немавме цел ден вода од 10 часот па се до вечерта некаде во 19 часот. Прекините траат и по неколку часови.  Некои имааат хидрофори па соседите одат кај нив да полнат вода, велат жителите на месноста Певчина дел од месната заедница „Иљо Антески-Смок“.

– Минатата недела секој ден имаше прекини, некој ден од по два-три часа, а еднаш околу пет часа немаше вода. Вчера и денес немаше прекини, велат жителите од улицата „Димо Гавроски-Кара“ во центарот на Тетово. 

Во јавното комунално претријатие „Тетово“ велат дека количини вода не се проблем и нема рестрикции во водоснабдувањето.

-Вода за пиење има над 500 литри во секунда во водоводната мрежа, не е до недостаток. Нема ниту рестрикции во водоснабдувањето.  Има реконструкции на три улици низ градот па поради изведување на градежните работи мора во одредени периоди да се допре водоснабдувањето, изјави Назиф Јашари од ЈКП Тетово.

Улиците „Јане Сандански“,  „Гоце Делчев“ и „Благоја Тоска“ се делниците каде се изведуваат реконструкции, при што се работи и на подземната инфраструктура за водовод и канализација.  

– Четири пати се пукнати водоводните цевки во овие два месеци од кога трае реконструкцијата на улицата „Гоце Делчев“.  Барем кај нас тоа е причина за подолги часови во прекин во водоснабдуавњето. Како што гледам само тројца работници работат на реконструкцијата и тоа се одолговлекува. Одвај чекавме да се обнови улицата, ама долго време имаме проблеми со паркирање, не може да донесеме огревни дрва и слични проблеми поради непристапност, велат жителите од улицата „Гоце Делчев“.

Во првите месеци од 2021 година неколку пати се јавуваше проблем во водоснабдувањето поради оштетување на цевководот од новиот водоснабдителен систем. Тетово се снабдуваше со вода само од стариот водовод, а имаше и воведени рестрикции кои во одредени денови достигнуваа и до 11 месеци. 

ас

Поврзани објави

Вести

Дафина Стојановска: ВМРО-ДПМНЕ во Тетово добива огромна поддршка, во новиот совет ќе биде одлучувачки фактор

14/08/2022
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Во Фалише и Сараќино средбата со жителите ја дава надежта за убедлива и сигурна победа

14/08/2022
Вести

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачески со порака до тетовци дадат поддршка за кандидатите за советници предводени од Глигорије Стојановски

14/08/2022
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Тетовчани со искрена поддршка за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ

14/08/2022
Вести

Живе Алексовски : За европско Тетово, за град со развојна економија, на 20-ти август заокружи број 1

14/08/2022
Вести

ВМРО ДПМНЕ : Имаме срдечен прием, позитивни атмосфера и поддршка од тетовчани

13/08/2022
Следна објава

Дел од пациентите спасени од модуларната болница пуштени дома

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.