• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 8 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Теми и интервјуа

Предизвик е да се вози велосипед низ Тетово поради непостоењето велосипедски патеки и собраќајниот метеж

20/11/2019
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

82 годишниот Раде Меновски е еден од малкумината кои низ Тетово се движат само со велосипед.  Семејните обврски налагаат, а годините не се пречка, вели виталниот тетовец.  Сепак потенцира дека голем е сообраќајниот метеж па тешко е да се вози секојдневно велосипед низ Тетово.

„На денешно време низ град е многу тешко, голем сообраќај. Времето е такво е да мораш да се пазиш. Со точак е многу ризично да се вози. Јас секогаш десно скроз и полека гледам напред, го гледам сообраќајот. Ми се случувало скоро да паднам, во гужва голема,ама ќе рипнам. Од дете со точак сум, до ден денес сега 82 година терам одам со точакот, се возам редовно. Морам да помогнам дома ,фамилијата. Со агенда сум, да чувам деца да одим да ги носим да ги враќам“,објаснува Раде Меновски.

Тоа што има сообраќаен метеж и многу возила на улиците укажува дека малкумина го следат примерот на 82 годишниот сограѓанин. Горан Ѓорѓиевски од неформалната иницијатива “Тетово на точак“ вели дека нивната иницијатива од пред 5 години за зголемување на свеста за користење на велосипедите не е прифатена од луѓето но и од локалните власти.

„Во Тетово замре некако таа иницијатива, затоа што… некако мислевме реално дека ќе има поголема бројка на луѓе кои ете дента си возеа си имаа некои обврски, можеа и повеќе, сакаме повеќе луѓе да се вклучат. Општината, они направија нешто малку, но тоа не е ништо, само во централното градско подрачје, направија една до две велосипедски патеки на булеварот Маршал Тито. Многу малку значи од она што го баравме ние за да биде полесно за велосипедистите во градот да им биде попроодно да им биде самото место и да има обележано не само на главната улица туку и на другите. Знаеме дека ете и со големиот број на автомобили кои ги има во градот тоа малку е невозможно“, рече Горан.

Самата промена на оваа состојба односно наместо   автомобили да се користат повеќе велосипеди ќе придонесе да има почист воздух во Тетово, смета соговорникот.

„Автомобилот го гледаат како средство со кое побрзо можам да завршам работа ако имам нешто, меѓутоа за викендите да гледаме да имаме што повеќе. Гледаме дека луѓето сакаат да се рекреираат, меѓутоа нема некако простор за да се помине за да се функционира со велосипед. Сите би сакале тоа, за  жал за тоа има многу предигри кои треба да се средат за да дојде до помал број на автомобили, со тоа ќе се намали и загаденоста на воздухот дефинитивно. Нели од сите тие издувни чадови кои што ги има, квалитетот на целата земја, прашината која ја има по патиштата“, истакна Горан Ѓорѓиевски од иницијативата „Тетово на точак“

Александар Самарџиев

Тагови: велосипедпатеки.Тетово

Поврзани објави

Теми и интервјуа

Александар поради цистична фиброза нема редовна настава, со планинарење се бори за подобар живот

04/02/2023
Вести

Жителите на Тетово бараат трајно решавање на проблемот со бездомните кучиња

18/01/2023
Теми и интервјуа

Евентуалната дислокација на објектите ќе предизвика хаос со игрите на среќа

02/01/2023
Теми и интервјуа

Надир Мурсели: Планинарењето почнува и треба да заврши дома, да се вратиш здрав и жив

31/12/2022
Теми и интервјуа

Во Тетово ретко се почитува Законот за заштита од пушењето, се пуши и во болнички простории

18/12/2022
Теми и интервјуа

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа 55 победи во 2022 година

12/12/2022
Следна објава

14 годишната Михаела Мишовска обезбеди пласман на Европско карате првенство во Будимпешта

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.