• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 31 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Непрооден патот до тетовското село Луковица поради неотстранетата снежна покривка

05/02/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Поради високата снежна покривка речиси е невозможно да се оди или да се замине од селото Луковица на планината Сува Гора во рамки на Општина Желино, алармираат жителите на ова планинско место. Тие се жалат дека овој пат општината го нема отстрането снегот од патот во должина од 5,5 километри од селото до месноста Крстец. Според нив снегот е отстранет од патниот правец Групчин-Седларево, а кракот од месноста Крстец до Луковица е оставен.

-Во вторникот во село Луковица има паднато снег над 60 сантиметри. До ден денес патот не е очистен, не е прооден. Горе има жители, над 35 души. Се обративме до Општина Желино со ветување дека ќе го исчистат патот ама не чистен патот. Дополнително не иритира што Групчин-Седларево е очистен патот, а нашиот крак од 5,5 километри не е очистен. Не можам да стапам во контакт ниту со директорот на ЈКП ниту со градоначалникот. Се јавив во Центар за управување со кризи, да видиме што ќе биде. Не е исчистен патот и не може да се комуницира. Горе не постои и нема продавница, мора да одат во Групчин. Има само едно теренско возило кое може да слезе со ланци на сите четири тркала.  Мислам дека сега не е 70-тите години да нема машини. Сега машини има на секој чекор, не е некоја голема пара, но се зависи од нив, изјави Миле Сибиновски од месната заедница и Здружението на жители на Луковица.

Тој потсетува дека во досегашните два наврати кога сезонава имало снежна покривка, таа била отстранета, а сега тоа не е направено.  Преку телефон побаравме став од Општина Желино но иако беше ветено од кабинетот на градоначалникот во текот на денот на добивме одговор за состојбата со отстранување на снегот.

Луковица е меѓу ретките села во државата до кое нема асфалтиран пат.Коловозна лента има до месноста „Крстец“ односно крстосница каде патот продолжува до Седларево или се оди лево до Луковица. 

Поврзани објави

Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Вести

Министерството за животна средина предаде на Тетово лабораториска опрема од 177 денари

30/01/2023
Вести

Загубите во висина од четири милиони денари на ЈП „Тетово транспорт“ ќе се покријат со средства од општинскиот буџет

30/01/2023
Вести

Казнети осум возачи за управување возила под дејство на алкохол

30/01/2023
Вести

Дете повредено со нож од друг малолетник

30/01/2023
Вести

СВР Тетово: Изминатиот викенд еден малолетник затекнат во угостителски објект на улица „ЈНА“

30/01/2023
Следна објава

Повеќе пријави за каснати од бездомни кучиња во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.