По отстранувањето на контејнерите од пред ОУ „Гоце Делчев“ дел од жителите уште во текот на вчерашниот ден смет фрлаат на истото место. Денес веќе таму е формиран куп од оставените најлонски кеси со отпадоци.
Од ЈКП Тетово инфомираат дека контејнерите од пред училиштето вчера се поставени стотина метри подолу во правец кон музичкото училиште кај кружниот тек.
До отстранување на контејнерите пред училишниот двор дојде по барање на родителите. Тие алармираа дека контејнерите поставени на тротоар го отежнуваат пристапот на децата. Воедно дека околу контејнерите има премногу смет и бездомни кучиња кои бараат храна во ѓубрето.