И оваа година Општина Тетово не го одбележа 3-ти март ден кој од 2003 година се смета за општински празник. Од општината не одговорија дали воопшто ќе има некакво одбележување денес или друг ден.
На профилот на градоначачничката Теута Арифи на социјалнита мрежа Фејсбук беше објавено дека таа била во ткн. Студенска населба каде се изведуваат градежни работи за инфраструктурно уредување.
-Досега беа бекатонизирани патиштата на површина од 2700м2 и во тек се работите за регулирање на вкупно 8 улички во оваа населба, на површина од близу 3000м2.Во исто време, се работи на регулирање на јавното осветлување, засадување на садници од дрвја и поставување на корпи за отпадоци. Тековната вредност на инвестицијата е 5 милиони денари, се вели во објавата.
Одбележување на општинскиот празник немаши ни лани, како и во 2018 година, а се одржа во 2019. До 2002 година Ден на оштина Тетово се одбележуваше Денот на ослободувањето 19 Ноември. Од 2003 година за ден на општината е избран 3-ти март 1992 како датум кога е одржана првата седница на повеќе партиски совет на општина Тетово.
А.С