• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 14 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Нова иницијатива во Тетово за народно одбележување на Василица

14/01/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Група граѓани и верници денес за прв пат се собраа во соборната црква Свети Кирил и Методиј во Тетово со цел да се востанови нова традиција на заедничко чествување на Василица-Православна нова година. Идејата е да се подели пита со паричка, а точно на пладне сите православни храмови да го одбележат денот и со биење на камбаните.

-Воведуваме нешто ново, но сакаме да стане традиција. Традицијата се создава преку народот, нешто што душевно ги храни, како што е токму денешниот ден, Православна Нова година, кога семејствата се собираат за питата со паричка. Ние на еден начин успеавме со благослов на владиката да чукнат сите камбани во православните храмови во тетовскиот крај почнувајќи од Сетоле до Фалише и нормално градот Тетово. Создаваме нешто ново а тоа е огласување дека постоиме на овие простори. Чувајте ја верата преку неа ги создаваме сите наши услови за живеење, нормално споделувајте љубов со другите и простувајте за да ви биде простено и вам, изјави Снежана Стојановска, дел од иницијативата.

Делови од питата кои се делеа зедоа сите присутни, а паричето се падна кај Зорица Јовановска од Тетово.

-Среќна сум што го добив паричето, некоја возбуда во мене се роди, најсреќно се чувствувам. Многу здравје и среќа во ова година за сите верници, порача Зорица Јовановска.

Повеќе децениски одбележување на Василица во Тетовско има во неколку села како Копанце, Милетино,Вратница. Група на маскирани учесници од утринските часови ги посетуваат домаќинствата, со исполнување на празнични песни и ора со цел да се истераат лошите духови од домовите на семејствата. Од домаќините добиваат дарови како топла ракија, грав, овошје и зеленчук.

 ас

Поврзани објави

Вести

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачески со порака до тетовци дадат поддршка за кандидатите за советници предводени од Глигорије Стојановски

14/08/2022
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Тетовчани со искрена поддршка за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ

14/08/2022
Вести

Живе Алексовски : За европско Тетово, за град со развојна економија, на 20-ти август заокружи број 1

14/08/2022
Вести

ВМРО ДПМНЕ : Имаме срдечен прием, позитивни атмосфера и поддршка од тетовчани

13/08/2022
Вести

Бојан Маричиќ: Владата и СДСМ се грижат за Тетово за да биде успешна европска приказна

13/08/2022
Вести

Димитар Ковачевски: Европски брендови ќе се произведуваат во европско Тетово, гласајте за број 1, за советничката листа на СДСМ

13/08/2022
Следна објава

Општина Тетово : Саниран дефектот, има доволно количини вода за нормално снабдување

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.