Новите врнежи од снег овие два дена на Попова Шапка ќе овозможат ски-сезоната да биде продолжена барем уште една недела. Од ски центарот соопштија дека љубители на скијањето поради новите снежни врнежи ќе може да скијаат се до 11 април.
-Во текот на работните денови ќе бидат ставени во функција ски-лифтовите „Поток“, „Аеродром“ „Г“, додека за викенд (петок, сабота и недела) ќе оперира со полн капацитет, вклучително и шестоседната жичница, информираат од ски-центарот.
Попова Шапка благодарејќи на поволните временски услови и честите врнежи од снег оваа сезона бележи над 100 дена или една третина од годината можност за одвивање на скијачката сезона и функционирање на ски-лифтовите. Ски сезоната започна на 16 декември и од тогаш само неколку дена не работеле ски-лифтовите, поради неповолни временски услови или немање струја.
Ски-центарот на 29 јануари ја пушти во употреба и новата шестоседа жичница која е најатрактивна и посетена од скијачите и сите други посетители.
А.С