• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 7 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Теми и интервјуа

Новите тетовски автобуси никако да тргнат

02/06/2021
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Големиот број возила, постојаниот метеж, недоволно паркинг места и малку коловозни ленти укажуваат дека Тетово е далеку од современ урбан концепт од аспект на сообраќајот.

Општина Тетово поради овие услови, но и загадувањето на воздухот, уште во јануари имаше помпезно претставување на пет автобуси со кои најавија воведување јавен превоз на патници. Речиси половина година подоцна тие се уште стојат паркирани, а градскиот превоз не е воспоставен.

Дарко Спировски, директор на новоформираното јавно претпријатие „Тетово транспорт“ уверува дека покрај ковид ситуацијата се работело на процесот на решавање на повеќе отворени прашања како повеќе простор за автобусите на улиците, наоѓање персонал, обуки и слично. Според него допрва во Тетово треба да се создаде урбана култура на живеење при што луѓето ќе користат јавен превоз.

„Луѓето во моментов користат сопствени возила, користат разни комбиња, кои неколкукратно го загадуваат градот. Автобусите ќе решат огромен проблем на транспорт пред сè на учениците и студентите, исто и на вработени во градот што се. Работата е за да го обезбедиме јавниот превоз не само да се возат автобусите туку автобусите на време да одат од станица до станица. Затоа малку се одложи, условно земено, работата затоа што сме соочени со предизвик да и менталитетски се сменат одредени работи на терен, ама тоа се работи интензивно“, истакна Дарко Спировски.

Во Тетово сообраќајот е опасен по здравјето на граѓаните, но е и нефункционален од инфраструктурен аспект. За поурбан сообраќаен концепт потребни се многу промени, смета инженерот Зоран Ѓорѓевски, професор по стручни сообраќајни предмети.

„На градот му недостига ефикасно управување на транзитниот сообраќај, како прво, односно намалување на надворешните возила кои влегуваат во градот, а немаат потреба за тоа. Тоа би значело изградба на обиколен пат кој ќе ги поврзе регионалниот пат Тетово – Јажинце со автопатот Тетово-Скопје. Ефикасно управување на товарниот сообраќај во комбинација со ефикасен систем на снабдување во градот. Од овој аспект јас решението го гледам со изградба на стоковен транспортен центар надвор од градот“, потенцира Зоран Ѓорѓевски.

Воедно тој ја потенцира и потребата за јавен градски превоз со еколошки автобуси, но и други елементи кога станува збор за намалување на сообраќајниот метеж.

„Изградба на мрежа од велосипедски патеки, промовирање и поттикнување на велосипедскиот сообраќај и пешачењето, бидејќи големината на градот е таква што овој вид на сообраќај треба да стане основата на движењето. Ќе биде неопходно претходно да се ослободат површините од паркирани возила на начин што на луѓето ќе им се обезбеди паркинг простор кој јас го гледам во неколку добро избрани локации на кои ќе се изградат паркинг гаражи за да одиме на искористување на простор по висина, бидејќи сме доста ограничени површински“, предлага Зоран Ѓорѓевски.

Велосипедски патеки во Тетово има само долж два булевари, нема ни една катна гаража, а обиколницата за градот кон север се уште е во фаза на анализирање.

Александар Самарџиев за Радио Слободна Европа 

Поврзани објави

Теми и интервјуа

Во Непроштено бараат решение – 22 години основците на македонски јазик учат во објект направен од лимени контејнери

25/11/2023
Теми и интервјуа

Каратето како можност за унапредување на физичкото и психолошкото здравје кај децата

11/11/2023
Теми и интервјуа

Пожарникарот Сашо Мишевски во пензија откако цел работен стаж од 35 години ги поминал во тетовската пожарна

29/10/2023
Теми и интервјуа

Насекаде има камери во Жена парк ама нема казнети несовесни поединци за оштетувањата

15/10/2023
Теми и интервјуа

Фирмите најголеми неплаќачи на даноци во Општина Тетово

23/09/2023
Теми и интервјуа

За најдобар мед од костен два шампионски пехари во Србија освои тетовчанецот Владимир Петровски

16/09/2023
Следна објава

Самостојна изложба 50 години творештво на сликарот и карикатурист Мицко Мице Јанкуловски во Тетово

Tetovo, MK
четврток, декември 7, 2023
overcast clouds
7 ° c
95%
2.77mh
100%
4 c -3 c
пет
5 c -1 c
саб
7 c 1 c
нед
8 c 2 c
пон

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!