• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 28 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Новоформираната јавна установа Национален парк Шар Планина добива средства за функционирање од приватен фонд

27/05/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Денес на Попова Шапка се потпиша договор за грант за планирање меѓу Фондот за природа Преспа-Охрид (ПОНТ) и јавна установа Национален парк Шар Планина ЈУНП Шар Планина со кој се обезбедија дополнителни средства потребни за функционирање на новоформираната јавна установа, инфомираа од Министерството за животна средина.

-Можеме да ја започнеме нашата поддршка за оваа нова заштитена област, неодамна прогласениот национален парк Шар Планина. Овој важен национален парк е вграден во поширокиот прекуграничен регион со други важни заштитени подрачја во Албанија и Косово. Денеска потпишуваме грант за планирање и ако се биде во ред ќе продолжиме со дополнителни грантови, изјави извршната директорка на ПОНТ, Мирјам де Конинг.

Со овој грант за планирање ќе се обезбеди административно зајакнување на институцијата, зачувување на природата од закани како што се пожари и илегални активности како и поголем визибилитет на институцијата , информираност и соработка со локалното население.

-Владата ни додели средства за стартување, но потребните финансии за дооформување на самата установа и нејзино целосно ставање во функција се многу поголеми. Од таа причина правиме напори да ги обезбедиме дополнителните финасии преку проекти и донатори што ќе ни овозможи  функционирање и самоодржливност, изјави директорот на ЈУНП Шар Планина Ибрахим Дехари.

  ПОНТ е приватна, правно независна институција која доделува грантови кои го финансираат одржливото зачувување на природата. Грантот за планирање обезбедува придонеси од Германската влада, преку ПОНТ, Владата на Република Северна Македонија и други донатори.

 

Поврзани објави

Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Инфо компас

Во недела од 3 до 9 наутро нема да има струја поради работа на трафостаница

28/09/2023
Вести

Во Једоарце се празнуваше Крстовден

27/09/2023
Вести

На регионалниот пат Тетово-Јажинце ќе има семафори поради градежни работи

27/09/2023
Вести

Општина Тетово: Над 45.000 учебници недостасуваат во тетовските училишта

27/09/2023
Следна објава

Манифестацијата „Денови на Кирил Пејчиновиќ“ утре по деветти пат се одржува во Теарце

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!