Жителите од населеното место Пирок при Општина Боговиње од денес имаат нов водоснабдителен систем со кој се обезбедуваат дополнителни 20 литри вода во секунда. Градоначалникот Албон Џемаили заедно со министерот за животна средина Насер Нуредини го пуштија новиот водовод во употреба, со кој треба да се подобри водоснабдувањето во ова место.
-Веднаш откако пред две недели имаше пуштање на новото водоснабдување за населеното место Синичане, успешно беа завршени работите за водоснабдувањето за населеното место Пирок. Така овие две места го надминуваат проблемот со вода за пиење. Се чувствувам целосно среќен поради фактот дека жителите на оваа населба од денес ќе ги имаат најосновните услови за живот, исто така среќен што полека стигнуваме таму каде што треба, да овозможиме снабдување за сите места со вода за пиење, тоа е наша задача, изјави градоначалникот Албон Џемаили.
Пирок има над 1000 домаќинства и околу 4 илјади жители.
А.С