• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
петок, 19 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result




Home Вести

Обвинителите со претставници на германската амбасада на местото на пожарот во Тетово

11/09/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Претставници на тетовското Обвинителство и службеници на германската амбасада беа заедно на местото каде изгоре модуларната пожарот во тетовската болница, во пресрет на доаѓањето на  експертскиот тим од Федералната криминалистичка полиција на Германија, кој треба да помогне за утврдување на причините за пожарот во модуларниот Ковид центар. 

-Во меѓувреме, тимот обвинители од тетовското и скопското обвинителство продолжува интензивно да презема дејствија за испитување на трагичниот настан. Се очекуваат резултатите од наредените вештачења и се врши распит на сите лица кои со своите сознанија би можеле да помогнат за откривање на причините за пожарот, информираат од Јавното Обвинителство. 

Од  тетовската болница немаа информации што точно се прави денес. Лекарите и медицинските техничари кои биле ноќта во модуларната болница веќе дали искази во Обвинителството.

-За тие информации немам податоци, тоа ги прочитав и јас сега дека наводно стигнале. Не знам како иде процедура за тоа ќе ве обавести управата. Јавниот обвинител побара информации од сите тие вработени кои биле таму во моментот на трагедијата. Тие биле повикани таа ноќ, биле неколку часа биле и утредента, и дале таму изјави, изјави Д-р Гзим Нуредини, координатор во тетовскиот Ковид центар.

По оставките на двајцата директори Флорин Бесими и Артан Етеми се уште нема информации за нови раководители.

-Немам такви информации, ќе видиме од управа како е законски и како ќе се реши. Во овие денови ќе видиме како ќе функциониа. Болницата не може да остане без потписници бидејќи има технички работи, лекарства, плати итн за два три дена ќе ве обавестиме. Немам правни информации не знам како тоа е решено, рече Нуредини.

За тоа како се најде снимка од надзорната камера на социјалните мрежи д-р Нуредини рече дека нема информација.

Дванаесетте пациенти кои го преживеаа пожарот биле прегледани од психијатри.

-Тие се пациенти кои биле трауматизирани од психолошка природа и биле прегледани од психијатар и биле констатирано дека се работи за стрес ситуација која тие ја преживеаа. И сите се во релативно добра состојба, сите во на кислородна поддршка. Очекуваме идните денови да бдие подобро и да бидат пуштени дома, рече лекарот.

За 24 часа нема починати од Ковид-19, додека има нови пет нови луѓе кои се примени на болничко лекување како и 75 амбулантски прегледи.

ас

Поврзани објави

Вести

Илија Димовски: Со победата на ВМРО ДПМНЕ во Тетово се најавува политички пресврт во Македонија

18/08/2022
Вести

Завршна конвеција на СДСМ во Тетово, Димитар Ковачевски со поддршка на иницијативата Тетово сака парк

18/08/2022
Вести

Јане Ченто: Tетово заслужува луѓе кои ќе го направат модерен и современ град

18/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: На 20ти август да излеземе масовно и гласаме за бројот 1, нека европско Тетово го почувствуваме сите

18/08/2022
Вести

ВМРО НП: Со масовна поддршка на една од кандидатските листи да бидат избрани повеќе советници Македонци

18/08/2022
Вести

Станислав Бојчески : Во гимназија поставување на функционален спортски терен до крај на 2022 година

18/08/2022
Следна објава

Граѓански марш низ Тетово за почит на жртвите од пожарот во модуларната болница

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.