Државниот завод за статистика денес го објави конкурсот за пријавување на кандидати за реонски попишувачи и реонски инструктори кои во периодот 1-21 април ќе го спроведуваат попишувањето на терен во рамките на пописот 2021.
-На конкурсот можат да се пријават сите полнолетни државјани на Северна Македонија кои се невработени, кои имаат завршено најмалку средно образование и имаат компјутерски вештини. Пријавувањето се врши преку електронска апликација достапна на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk, информираат од Државниот завод за статистика.