• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 30 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

 „Огреала месечина од Солуна до Тетоо“ најнова книга од Владимир Кочоски

Станува збор за книга која е продолжение на делото „Песни и судбини“ од 2006 година, со текстови за тоа како настанале познатите тетовски песни.

16/11/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Од печат излезе книгата „Огреала месечина од Солуна до Тетоо“ на авторот и публицист Владимир Кочоски, поранешен новинар и библиотекар. Станува збор за книга која е продолжение на делото „Песни и судбини“ од 2006 година.

-Како во претходната книга така и во оваа обработувам како настанале познатите тетовски песни, односно за судбините на луѓето кои на одреден начин биле испеани. Во најновата книга има текстови за седум песни меѓу кои и една од најпознатите „Огреала месечина од Солуна до Тетоо“. Во оваа песна се опишува животот на Кољо бакалинот кој во својот дуќан имал најквалитетна роба но проблемот за него бил што редовно морал да им дава вересија пред се на жените чии мажи биле на печалба па наплаќал кога ќе се врателе дома. Такви биле и трите снаи на Ѓоре од Сетоле, вели авторот Владимир Кочоски.

Тој потенцира дека во шест од седумте песни се обработува претежно тажните и трагичните судбини на народот и предизвиците со кои се соочувале во минатато.

-Само „Бог да биде Јоше Ќупче Бојанин“ е хумористична песна,  песни, другите песни се за жал за трагичните судбини, вели авторот.

Во „Песни и судбини“ од 2006 година, има 15-тина текстови за познатите песни како „Срце ме боли за Трпана“, „ Благуњо дејче Пожаранче“ , „Кажи Епсо Димушеа“ и други.

Владимир Кочоски е автор на вкупно 9 книги.

А.С

Поврзани објави

Вести

Оштетено стакло од автомобил поради заталкан куршум

29/09/2023
Вести

Универзитетската библиотеката „Макс ван дер Штул“ со изложба на шеесетина уметнички дела создадени од ученици, студенти и академскиот кадар

28/09/2023
Вести

СВР Тетово: Приведен осомничен за кражба, украдениот предмет вратен на сопственикот

28/09/2023
Инфо компас

АПИС: Државна лотарија да ја преиспита одлуката за организирање игри на среќа на интернет

28/09/2023
Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Следна објава

Поставена информативна табла на кулата на Титов врв

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!