• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Одбележани 19 години од нападот кај Карпалак

08/08/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Со панихида и положување цвеќе пред спомен плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово-Скопје утрово беше оддадена почит кон 10-те загинати бранители од Прилепско кои беа убиени во заседа во оружениот конфликт во 2001 година.

Почит им оддадоа делегација од Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија предводена од началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и државниот секретар во Mинистерството за одбрана, Драган Николиќ, претставници на Владата, од кабинетот на Претседателот, Собранието, општина Прилеп, семејствата на загинатите, политичката партија ВМРО ДПМНЕ и поголем број здруженија на бранителите како и граѓански организации.

-Денеска одбележуваме 19 години од погубието на Карпалак. Деветнаесет години на ова исто место со една иста изјава сме барајќи да се направи достоинствено обележје за загинатите, мислам дека тие тоа го заслужија.  И медиумите се сведоци дека и денес цвеќето беше положено на банкина, што не е достоинствено. Го положија животот на браникот на Република Македонија за идеалите за опстој на оваа земја како Република Македонија. Ние преживеаните следбеници на нивните дела со гордост ги почитуваме. Тој кобен 8 авгсут 2001 се случи, но ни тие случки не престануваат, тука е кумановско Диво насеље, Смилковско езеро, да не зборуваме за другите настани као што се Вејце, Бриони, Љуботенски бачила за кои многу малку е кажано за нив, изјави Ацо Јовановски-Реган, кој бил дел од резервните припадници на Армијата во конвојот од Прилеп.

Бранителите се во лоша состојба, државата да им помогне, побара Јовановски.

-Правата на бранители многу малку се остваруваат. Во здружението Карпалак од 118 луѓе, 10 загинаа, 108 останаа, ниту 50 отсто не се реализирани вработувања, здравствени проблеми може да замислите после оваа случка што ја доживеаа, каква е нивната здравствена состојба, многу души имаат проблеми со алкохол и со психички проблеми што не може да се опишат. Државата многу малце помага, додека за учк направија многу, негдека 3 илјади вработувања има немаа работни места а земаат плата, што да зборуваме понатака, рече Јовановски.

Од одборот на бранителите исто така сметаат дека треба подостоинствено одбележување на местото на настанот.

-Како и претходните години и оваа година се помал е бројот на луѓе за чествување на овој настан. Причините не ни се познати, но некој очигледно работи да овој настан полека се заборава. Затоа што и оваа година како и минатата година никој од државните власти тука на местото не истакна  ниту еден збор зошто се дојде овде и што е тоа што денес одбележуваме. Мислам дека Министерството за одбрана ќе смогне сили и подостоинствено ода го чествува, а на бранителите да го даде местото за кое се заслужни. Апелирам и до бранители да смогнат сили да се организираат во смисла да не не заборави нивниот придонес во Република Македонија, изјави Марин Најдов од Одбор на бранители.

На 8 август 2001 околу 10 часот конвој на АРМ беше подмолно нападнат од заседа. При тоа беше погодено едно транспортно возило на  Армијата  во кое беа 8 војници и двајца офицери, сите од резервниот состав.  Загинаа Нане Наумоски (48) ,Сашо Китаноски (39) Бранко Секулоски (42), Горан Миноски (29) Ердован Шабаноски (20), Веби Рушитоски (26) сите од Прилеп, Марко Деспотоски (27) од прилепско Новоселани, Љубе Грујоски (31) од прилепско Пашино Рувци, Дарко Велјаноски (27) од прилепско Ропотово,  и Пеце Секулоски )29) од прилепско Бело Поле.

А.С

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

Се празнува Преподобна маченичка Параскева - Света Петка

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!