• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
среда, 17 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Одбележани 20 години од загинувањето на бранителот Ѓоко Лазаревски од Лешок  

23/07/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во тетовски Лешок денес беше одбележана 20-годишнината од загинувањето на Ѓоко Лазаревски, кој во воениот конфликт во 2001 година учествуваше во одбрана на селото како резервен полицаец. Со полагање свежо цвеќе пред неговото спомен обележје, чест му оддадоа членовите на семејството и повеќе делегации, а беше отслужена и панихида.

 -Во плеадата на македонски херои, со златни букви е впишано името на Ѓоко Лазаревски. Пред 20 години кога нашата татковина беше во опасност, Ѓоко без двоумење застана во одбрана на Македонија, во одбрана на Лешок. Го жртвуваше својот млад живот за подобро утре и посветла иднина на нашите деца, на сите нас. Тој покажа како се сакаат блиските свои и својата земја, повеќе од сопствениот живот, рекоа во обраќањето претставниците на Иницијативниот одбор.

Лазаревски како резервен полициски службеник загина на свои 29 години, бранејќи го своето село и помагајќи да се евакуираат неговите соселани. Остави сопруга која го очекуваше раѓањето на нивниот единствен син. Поради неможноста да биде погребан во родниот Лешок, вечното почивалиште на Лазаревски се наоѓа на гробиштата во Општина Ѓорче Петров.

А.С 

Поврзани објави

Вести

Николов: Оваа листа на советници е онаа којашто треба да ја добие поддршката на граѓаните и онаа којашто ветува добробит на граѓаните на Тетово

16/08/2022
Вести

Никола Столевски: Гласот на Македонецот во Тетово мора да се слушне во Советот на Општина Тетово

16/08/2022
Вести

Бисера Костадиновска-Стојчевска: Со глас за СДСМ и број еден, гласаме за европско Тетово

16/08/2022
Вести

Битиќи од Тетово: Инвестираме во економскиот и инфраструктурен развој на Тетово, во сабота да гласаме за советничката листа на СДСМ

16/08/2022
Вести

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Владо Мисајловски со повик за поддршка за советничката листа предводени од Ангел Карапетров

16/08/2022
суд
Актуелно

Основен суд Тетово соопшти дека предметот за модуларната болница е распределен кај судија

16/08/2022
Следна објава
вакцинација пункт

Од понеделник вакцинација без термини во спортската сала на медицинското училиште

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.