• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Одбележани 20 години од нападот на полициската станица во тетовско Теарце во 2001 и загинувањето на полицаецот Момир Стојановски

22/01/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Одборот на бранители денес во тетовско Теарце организираше одбележување на 20 години од загинувањето на полицаецот Момир Стојановски (29) при напад со ракетен фрлач врз полициската станица на 22 јануари 2001-та што се смета за почеток на оружениот конфликт во текот на годината. При нападот тешко ранет беше полицаецот Давор Евросимовски, а полесни повреди добија полицајците Борче Ѓуровски и Јахи Лика.

-Момир Стојановски е првиот непребол меѓу сите останати паднати бранители во 2001 година и секој збор е премалку да се искаже тагата што повеќе не е физички меѓу нас, но и секој збор е премалку да се искаже гордоста што секогаш ќе биде дел од нас и ова парче земја. И после 20 години ние бранителите и граѓаните се сеќаваме на настанот како да беше вчера, а болката кон загинатите не поминува и денес.  Вечно ќе бидеме нивни должници. Најмалку што можеме да направиме за нив е да не дозволиме никогаш да заминат во заборав, истакна Марин Најдов од Одборот на бранителите.


Пред објектот каде порано беше полициската станица во Теарце, пред спомен плочата посветена на полицаецот Момир Стојановски беше положено цвеќе од претставници на СВР Тетово, Одборот на бранители и партијата ВМРО ДПМНЕ.

-Се одбележува 20 годишнина од почетокот на конфликтот, дојдовме за да оддадеме почит, да не дозволи споменот на овие настани да загине, бидејќи власта буквално се труди да уништи се што нешто значело за историјата на Македонија, за тоа дека луѓе гинеле за денешна Македонија,. Овде се едни од најсвежите болни рани од поновата македонска историја, за што ние имаме должноста никогаш да не се заборави, истакна пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО ДПМНЕ, која на настанот беше со колегата Александар Велјановски.

Никола Савевски, доктор во пензија, со потекло од Теарце вели дека 20 години по настанот и конфликтната 2001 година, населението живее во мир.

-Тоа не се заборави, но од таа година од тој настан немало конфликти меѓу населението во Теарце меѓу етникумите, каде има Македонци, Албанци, Турци, Роми и Срби. Животот тече, нема замерки помеѓу народот, истакна Никола Савески.

За нападот на полициската станица во 2001 година одговорноста ја презеде ткн. Ослободителна народна армија (ОНА) по што започнаа повеќе оружени напади врз државните безбедносни сили.

А.С

 

Поврзани објави

Вести

Околу две илјади нови студенти ги почнаа своите студии на Универзитетот во Тетово

02/10/2023
Вести

Здравствен дом Тетово информира дека не е нивно возилото од видеото каде брза помош носи столици до казино

02/10/2023
Вести

„Сакам да работам до партиите“: „Вашите кампањи против игрите на среќа се против 10 илјади вработени, кои можеби заедно со своите семејства на избори гласале и за вас!“

02/10/2023
Вести

На тетовскиот плоштад во среда 4 октомври од 20 часот „Македонијо во срце те носиме“

02/10/2023
Вести

Полицијата со пријава за жител на Жеровјане кој пукал и ранил овчарско куче на човек од Боговиње

02/10/2023
Вести

На автопатот Тетово-Гостивар животот го загуби 18 годишно момче од Чегране

02/10/2023
Следна објава
бензин горива нафта

Се враќа во сила законот за акцизи, бензините од утре поевтини за два денари

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!