• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
петок, 19 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result




Home Вести

Одбележани 21 година од нападот на полициската станица во тетовско Теарце во 2001 и загинувањето на полицаецот Момир Стојановски

21/01/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Одборот на бранители денес во тетовско Теарце организираше одбележување на 21 година од загинувањето на полицаецот Момир Стојановски (29) при напад со ракетен фрлач врз полициската станица на 22 јануари 2001-та што се смета за почеток на оружениот конфликт во текот на годината. При нападот тешко ранет беше полицаецот Давор Евросимовски, а со полесно повреди добија Борче Ѓуровски и Јахи Лика.

-Државата за овие 21 година не направила ништо. Очекувавме дека ќе се смилуваат институциите и ако ништо друго барем едно спомен обележје ќе се стави за Момир Стојановски. До ден денес не го доживеавме. За таа цел Одборот на бранители денес во скромен состав со една делегација беше да положи цвеќе и на тој начин да му оддаде почит на Момир Стојановски.  Ако мисли некој да ќе ги избрише бранитетели, нема да можат, уште се живи и ќе се бориме до нашата смрт, истакна Марин Најдов од Одборот на бранителите.

Минатата година 20 годишнината од нападот и загинувањето беше поставена времена плоча за Момир Стојановски која потоа е отстранета.

За нападот на полициската станица во 2001 година одговорноста ја презеде ткн. Ослободителна народна армија (ОНА) по што започнаа повеќе оружени напади врз државните безбедносни сили.

Поврзани објави

Вести

Илија Димовски: Со победата на ВМРО ДПМНЕ во Тетово се најавува политички пресврт во Македонија

18/08/2022
Вести

Завршна конвеција на СДСМ во Тетово, Димитар Ковачевски со поддршка на иницијативата Тетово сака парк

18/08/2022
Вести

Јане Ченто: Tетово заслужува луѓе кои ќе го направат модерен и современ град

18/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: На 20ти август да излеземе масовно и гласаме за бројот 1, нека европско Тетово го почувствуваме сите

18/08/2022
Вести

ВМРО НП: Со масовна поддршка на една од кандидатските листи да бидат избрани повеќе советници Македонци

18/08/2022
Вести

Станислав Бојчески : Во гимназија поставување на функционален спортски терен до крај на 2022 година

18/08/2022
Следна објава

Градоначалникот Касами им вети повисока плата и подобри услови за работа во Комунална хигиена Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.